Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ

Наводно на Цеца не ѝ се допаѓаше тоа што на само 14 години нејзината ќерка споделува фотографии на кои се бакнува со 6 години постариот дечко. По ова Анастасија беше со уште неколку момци, а се чини дека секогаш била во долги и сериозни врски – да се потсетиме на бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ.

na-14-godini-javno-se-baknuvashe-so-prviot-dechko-sportistite-i-bea-slabost-anastasija-razhnatovikj-ima-burno-ljubovno-minato-01.jpg

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, е бремена и го очекува своето прво дете од врската со фудбалерот Немања Гудељ, а наскоро се подготвува и свадба.

Иако имаше голем број шпекулации дека Анастасија наводно е во лоши односи со семејството на нејзиниот дечко, и посебно со идната свекрва, јасно е дека тие двајца се вљубени еден во друг и дека на нивната љубов ништо не може да ѝ застане на патот.

ceca-beshe-zgrozena-od-nejzinoto-odnesuvanje-na-14-godini-sportistite-i-bea-slabost-burnoto-ljubovno-minato-na-anastasija-razhnatovikj-03.jpg

Во моментов тие заедно престојуваат во Шпанија, а Анастасија не ја напушта земјата затоа што е во процес на средување на документацијата за да обезбеди постојан престој.

Заради ова, таа ја пропушти и прославата за раѓањето на внукот од нејзиниот брат Вељко, Крстан, но, Анастасија наскоро ќе стане мајка, па можеби тоа е уште една од причините заради кои не сакала да патува.

ceca-beshe-zgrozena-od-nejzinoto-odnesuvanje-na-14-godini-sportistite-i-bea-slabost-burnoto-ljubovno-minato-na-anastasija-razhnatovikj-02.jpg

Анастасија и Немања се запознале преку заеднички пријатели, а набрзо потоа почнале и да се гледаат. Познато е дека секој слободен миг тие двајца го поминуваат заедно, а Немања често ѝ подготвува романтични изненадувања.

ceca-beshe-zgrozena-od-nejzinoto-odnesuvanje-na-14-godini-sportistite-i-bea-slabost-burnoto-ljubovno-minato-na-anastasija-razhnatovikj-04.jpg

Инаку, Анастасија како ќерка на Цеца и Жељко Ражнатовиќ – Аркан порасна во фокусот на јавноста. Српските медиуми го следеа секој нејзин чекор, па така постојат информации и за секоја нејзина мината љубовна врска.

Јасно е дека таа никогаш не се криела и секогаш јавно покажувала со кого е во моментот, а пејачката зад себе има неколку посериозни врски - неколку од нив се со спортисти.

Да погледнеме како изгледа нејзиното бурно љубовно минато:

Првата љубов ѝ се викаше Немања и беше фудбалер

Кога имаше само 14 години, Анастасија беше во врска со фудбалерот Немања Залад, син на познатиот голман на ФК „Партизан“, Раде Залад.

ceca-beshe-zgrozena-od-nejzinoto-odnesuvanje-na-14-godini-sportistite-i-bea-slabost-burnoto-ljubovno-minato-na-anastasija-razhnatovikj-07.jpg

Нивната врска почна во 2012-та година, но траеше само околу една година. Тие двајца привлекуваа внимание затоа што Немања е 6 години повозрасен од Анастасија, а во тој период српските медиуми пишуваа дека на Цеца не ѝ се допаѓаат фотографиите што Анастасија ги објавуваше на социјалните мрежи и на кои разменуваше бакнежи со дечкото.

По раскинувањето на врската тој се повлече од јавноста, а никогаш повторно тие двајца не беа видени во исто друштво.

ceca-beshe-zgrozena-od-nejzinoto-odnesuvanje-na-14-godini-sportistite-i-bea-slabost-burnoto-ljubovno-minato-na-anastasija-razhnatovikj-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg