Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ
Врска со Костадин Терзиќ
Познато е дека Анастасија секогаш имала долги и сериозни врски, па таква беше и љубовната приказна со Костадин Терзиќ.
Костадин е син на српската фудбалска легенда Звездан Терзиќ, а откако ја започна врската со Анастасија, медиумите почнаа повеќе да се интересираат за него.
Иако многумина мислеа дека оваа врска ќе заврши со брак, затоа што постојано беа заедно, сепак тие се разделија по мирен пат и сѐ уште се во пријателски односи.
По раскинувањето, секој од нив продолжи по својот пат, а Костадин во меѓувреме се ожени со сопругата Валентина со која има едно дете.
Милош Теодосиќ
По врската со Терзиќ, Анастасија беше во врска со кошаркарот Милош Теодосиќ.
За многумина оваа врска беше изненадување, затоа што младата Анастасија брзо пред тоа ја раскина врската со Костадин.
Но, се чини дека ова повеќе беше минлива авантура, што траеше само 3 месеци. Имено, нивната врска не опстанала затоа што тие двајца биле разделени.
Милош се пресели во Русија заради работните обврски, а Анастасија остана во Србија за да ја гради музичката кариера.
Денес Милош е во брак со актерката Јелисавета Орашанин со која има две деца.
Ѓорѓе Кулиќ
По низата спортисти, Анастасија започна врска со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ. Тие двајца беа заедно пет години, а се ширеа гласини дека почнале да живеат заедно и дека наскоро ќе стапат во брак, но тоа не се оствари.
Главниот проблем во нивната врска бил тоа што постојано биле разделени, заради што дошло до заладување на емоциите, а по раскинувањето на врската тие двајца останале во пријателски односи.
Интересно е тоа што, само два месеци откако раскина со Кулиќ, Анастасија ја започна врската со Немања Гудељ, со кого веќе го очекува своето прво дете.
Б. С. Б. | Црнобело