Цеца во фармерки и маица го слави раѓањето на внукот, Анастасија не дојде – Прославата за вториот син на Вељко Ражнатовиќ (видео)
- Детали
- вторник, 18 април 2023
Вториот син на Вељко Ражнатовиќ, Крстан, се роди на роденденот на неговиот покоен дедо, Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Цеца гостите ги пречека во фармерки и маица, затоа што сакала да се чувствува опуштено. Како семејството Ражнатовиќ го прослави доаѓањето на најновиот член во семејството?
Вчера (17 април 2023), сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана се породи во Белград и на свет го донесе нивното второ дете, кому му го дадоа името Крстан.
Претставници од српските медиуми ги пречекаа уште во моментот кога Цеца и Вељко пристигнаа во приватната клиника каде што се породи Богдана.
По породувањето, пресреќната баба Цеца не можеше да ја скрие радоста, а таа за српските медиуми откри повеќе детали за најновиот член во нивното семејство.
Цеца откри дека Крстан се родил со тежина 4.200g и должина од 54cm.
„На денешниот ден беше роден мојот покоен сопруг, па и мојот Крстан. Нека му е на здравје и на среќа, на вториот ден од Велигден, сѐ е возможно. Ќе славиме дома. Јас бев толку восхитена што срцето ми беше во грлото. Богдана е супер, фала му на Бога“ – рече таа.
Инаку, по ова Цеца и Вељко приредија голема прослава во семејната вила на Дедиње, каде се собраа голем број гости.
Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, среќниот татко Вељко се забавуваше со пријателите и гостите, а на себе носи скината маица, според традиционалните обичаи во Србија.
На забавата пееја Јоца Стефановиќ и Александра Бурсаќ, а како што може да се види и од дел од видеата, Цеца исто така се фати за микрофонот и им испеа неколку песни на присутните.
Цеца гостите ги пречекала во фармерки и маица, за да може да се весели. Таа во изјава за медиумите, откри дека сама ја организирала цела прослава и дека се надева дека еден ден ќе има десетина внучиња.
На забавата забележително е дека беше отсутна сестрата на Вељко, Анастасија.
Анастасија во моментов е во Шпанија и не смее да ја напушти земјата затоа што чека да добие документи за престој. Сепак, таа даде кратка изјава за српските медиуми, во која не ја криеше среќата:
„Ова е мошне емотивен миг за моето семејство и за мене, пресреќна сум. Ни се случуваат најубавите работи. Ова е дар од Бога и со душа чекам да го видам внучето“ – рече таа.
Вељко објави неколку видеа на кои може да се види дека прославата ја заокружиле со спектакуларен огномет.
Погледнете повеќе видеа и фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело