Анастасија Ражнатовиќ домаќинка на куќната слава во Шпанија – приватни готвачи, музика во живо и забава покрај базен
- Детали
- вторник, 07 мај 2024
Како изгледа кога Анастасија Ражнатовиќ е домаќинка на куќна слава? Ќерката на фолк дивата Цеца го прослави Ѓурѓовден во Севиља со сопругот Немања Гудељ, а на забавата присуствувале најблиските од семејството на сопругот, но и голем број други гости.
Анастасија Ражнатовиќ на Инстаграм Стори објави неколку видеа со кои покажа дека со нејзиниот сопруг Немања Гудељ ги почитуваат традиционалните српски обичаи.
Тие двајца, вчера (06.05) го прославија христијанскиот празник Ѓурѓовден, кој им е куќна слава.
„Среќна слава на сите оние што славиме денес“ - напишаа тие на Инстаграм.
Анастасија објави фотографија со торта на која е отпечатена икона, лепче, вино и пченица на масата, а годинава, со оглед на тоа што Ѓурѓовден се падна на вториот ден од Велигден, на трпезата имаше и традиционално декорирани велигденски јајца.
Како што може да се види од објавените видеа, Анастасија и Немања направиле забава покрај базен, на која имало музика во живо, но и голем број готвачи задолжени за специјалитетите на трпезата.
Исто така, впечатливо е дека Анастасија, која на забавата се појави во едноставен кафеав фустан и со шапка на главата, целата вечер ја поминала со золвата Вања Гудељ и ги поби гласините дека таа е во влошени односи со членовите на семејството на нејзиниот сопруг.
Погледнете уште неколку фотографии од трпезата кај Немања и Анстасија:
Б. С. Б. | Црнобело