Природно убави - Пејачки од Србија кои немаат направено естетски корекции
- Детали
- сабота, 20 јули 2024
Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки. Таа во една пригода изјави дека не направила никаква естетска корекција во животот, иако не е против.
Естетските операции веќе станаа тренд и секојдневие. Многу познати дами го имаат коригирано својот физички изглед со помош на естетски хирурзи.
Најчесто ги пополнуваат усните и градите, задникот, јаболчниците и го коригираат носот. Скоро секоја јавна личност има ставено и ботокс.
Србија има најголем музички пазар на Балканот, а пејачките се постојано во трка со времето и се трудат да изгледаат помладо.
Но, постојат и такви кои успеале да одолеат на сите трендови и пленат со природната убавина.
Дел од нив во продолжение:
Џејла Рамовиќ
Природната убавина на Џејла Рамовиќ никого не остава рамнодушен каде и да се појави.
Познатата пејачка на социјалните мрежи често споделува видеа и фотографии, преку кои може да се забележи дека го негува елегантниот и природен изглед.
Убавината е наследна во семејството на Џејла, бидејќи и нејзината мајка и двете сестри изгледаат неверојатно.
Александра Радовиќ
Александра е еден од најдобрите вокали во регионот.
Таа е препознатлива по својот елегантен и отмен стил, на кој остана доследна целата своја кариера.
Што се однесува до физичкиот изглед, подрастична промена од промена на бојата на косата, никогаш не направила.
Сара Јовановиќ
Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки.
Таа во една пригода изјави дека не направила никаква естетска корекција во животот, иако не е против.
„Сè на мене е природно, вклучително и мојот задник, сѐ.
Живеам во околина во која се цени природноста. Од друга страна, немам предрасуди за пластичните операции", изјави Сара.
Милица Павловиќ
Една од пејачките кои нема направено никаква корекција е и Милица Павловиќ
„Немам ништо против естетските зафати и оние девојки кои сакаат да го прават тоа. Јас не сум една од нив и засега тоа не ме привлекува.
Сакам природен изглед, свежина на лицето и природен тен без претерано потемнување“, изјави пејачката во една пригода.
Гоца Тржан
Многупати во јавност има истакнато дека негата на лицето е најважна за одржување на младоста.
Во една пригода изјави и дека нема да подлегне на хируршка интервенција, без да има вистинска потреба за тоа и дека младоликоста ја одржува со здрава исхрана и вежбање.
„Мои трепки, веѓи, јаболчници, коса, накратко - сѐ е мое“, напиша во опис на својата фотографија.
С. Ш. | Црнобело