Му беше љубов на Стјепан Хаусер, ужива во луксуз - Која е згодната Хрватка Стела Опанчар?
- Детали
- недела, 29 декември 2024
Згодната Стела, која работи како хотелска рецепционерка, го привлече вниманието на јавноста кога објави фотографија како во танга се сонча на терасата на хрватскиот музичар Стјепан Хаусер.
Атрактивната Хрватка Стела Опанчар (29) не е јавна личност, но важи за една од најубавите жени во земјата.
Стела во 2016 година беше една од финалистките на изборот за Мис Универзум на Хрватска.
Но вниманието на јавноста го привлече во 2019 година, кога објави фотографија како се сонча на терасата на популарниот музичар Стјепан Хаусер.
И иако тие никогаш не потврдија дека се во врска, хрватските медиуми пишуваа дека згодната Стела е уште една од многуте девојки на познатиот виолончелист, а дека врската им беше кратка, исто како и повеќето врски на Стјепан (кој низ годините единствено ја потврди врската со Јелена Розга).
Во тоа време Стела споделуваше многу фотографии со Стјепан, а на една од нив е свртена со грб кон камерата, но припиена до музичарот, додека тој ја држи околу половината.
По наводната врска со Хаусер, популарноста на згодната Стела нагло порасна, па на Инстаграм ја следат преку 137.000 луѓе.
А таму, таа најчесто споделува провокативни фотографии во долна облека, во бикини и во фустани кои го истакнуваат нејзиното згодно тело.
Таа често позира и во луксузни автомобили, со скап шампањ и скапоцени чанти.
И покрај тоа што на Инстаграм објавува фотки со скапа облека и накит, на монденски локации, таа веќе неколку години работи како рецепционерка во хотел на хрватската ривиера, во Пореч.