Учителката од Загреб стоела пред напаѓачот за да ги спаси учениците: „Хероите на нашето време се обични луѓе“

За учителката од основното училиште во Загреб, која заврши во болница со убодни рани, се пишува дека пробала да ги спаси другите ученици од напаѓачот. Во петокот нејзината состојба била многу критична, но сега е стабилизирана и лекарите очекуваат целосно заздравување.

uchitelkata-od-zagreb-probala-da-gi-spasi-uchenicite-od-napagjachot-so-nozh-heroite-na-nasheto-vreme-se-obichni-lugje-01.jpg

Во трагичниот инцидент што се случи во петокот (20.12) во основно училиште во Загреб животот го изгуби дете од прво одделение.

За време на нападот од страна на 19-годишно момче настрадаа уште три деца и една наставничка, а и напаѓачот самиот се повредил.

За среќа, повредените ученици и наставничката веќе се надвор од животна опасност, иако ќе останат во болница уште некој период.

Според хрватските медиуми, учителката која имала неколку убодни рани дише стабилно, без помош на машина.

„Учителката сега е во свесна состојба и знае што се случи.

Комуницира нормално, но во овој миг за нас како болница најважен е нејзиниот психички мир“, изјави доктор од болницата каде што е примена наставничката.

Некои медиуми пренесуваат дека таа се здобила со над десет рани, додека некои тврдат дека имала и над 30 убодни рани.

И, иако ова засега не е потврдено, лекарот додава дека во петокот била во тешка состојба.

„Беше критично, но повеќе не е во животна опасност.

Се надеваме дека сите рани ќе зараснат како што треба“.

На едниот од повредените ученици му била направена операција, а сега и тој е во стабилна состојба.

15-годишното момче веќе е пуштено од интензивна нега.

„Во план е да биде со мајка му (во болница).

Нема никаква животна опасност и кај нас ќе остане десетина дена“, споделуваат од болницата каде што беше опериран.

И останатите деца, вклучувајќи го и напаѓачот, се во стабилна состојба.

Во саботата (21.12) во Хрватска беше прогласен ден на жалост поради трагедијата.

Граѓаните се собираа во училишниот двор каде што палеа свеќи, оставаа пораки и се збогуваа со загинатиот првоодделенец.

Истовремено, се откри дека 62-годишната учителка настрадала бидејќи пробувала да ги спаси своите ученици.

Според Index, учителката била избодена додека се обидувала да го спречи нападот. Односно, застанала пред напаѓачот за да го задржи што е можно подолго и да им даде можност на децата од училницата да избегаат.

Index исто така споделува дека според раскажувањето на некои родители, и загинатото дете пробувало да ги заштити своите соученици.

Иако информациите не се официјално потврдени, јавноста веќе го коментира наводното херојско дело.

Наставничката работела во училиштето 18 години, а се подготвувала и за пензија.

„Многу драга, мирна и приземјена личност која одлично работеше со децата“, изјавија нејзините колеги кратко по нападот.

На Фејсбук се споделува и статус на Македонец кој истакнува дека хероите во реалноста секогаш се „обични“ луѓе (иако информациите во истиот не се официјално потврдени):

„Наставничката од Загреб на 62-годишна возраст веројатно е народен херој на Балканот за оваа 2024 година.

Таа со своето тело се испречила пред напаѓачот заштитувајќи и веројатно спасувајќи од смрт уште многу деца.

Таа претрпела 31 убодна рана од нож во своето тело и со својот херојски чин дала доволно време на безбедносните служби да реагираат и спасила многу детски животи и соништа кои и понатаму ќе може да се остваруваат.

Според пишувањата на хрватските медиуми, нејзината состојба се подобрува и веројатно ќе биде испратена во пензија онака како што доликува, со аплаузи.

Исто така, нејзиниот чин на саможртва, да се ризикува својот живот за да се спасат други животи, претставува неверојатна човечка величина и храброст која ја немаат сите.

Нејзиниот чин во Хрватска се оценува како високо државнички потег за кој не постои соодветна награда или признание кое може да биде доделено, а да не е малку.

За ова, овие денови малку се зборува и пишува, затоа што нашето време денес го трошиме на некои други работи кои се побитни, ТикТок предизвици и останати трендови.

Хероите на нашето време се секогаш обични луѓе, оние кои имаат малку повеќе храброст од останатите во големиот просек“, стои во објавата.

Прочитајте повеќе: Се огласи мајката на напаѓачот во Загреб: „Тој е емоционално нестабилен, го молев докторот да не го пушта од болница“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Северина по скандалите замина на луксузно патување во Франција – Кој е мажот што ѝ прави друштво там... „Одовде до вечноста“ – ѝ порача на Северина во една пригода мажот кој редовно од...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Македонијо, убава си! Јелена Розга храни срнички во Берово И балканските ѕвезди не можат да одолеат на убавините на Македонија... Јелена Ро...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg