Северина по скандалите замина на луксузно патување во Франција – Кој е мажот што ѝ прави друштво таму?
- Детали
- петок, 07 јуни 2024
„Одовде до вечноста“ – ѝ порача на Северина во една пригода мажот кој редовно оди со неа на патувања и важи за еден од најважните мажи во нејзиниот живот. Со кого пејачката ужива на француската ривиера по скандалите со Карлеуша и Душко?
Хрватската пејачка Северина во изминативе неколку недели беше топ тема во хрватските и регионалните медиуми, откако прво нa социјалните мрежи се пресмета со најзгодниот хрватски свештеник.
Потоа влезе во војна и со Јелена Карлеуша, па цел Балкан имаше можност да ги види пораките што Душко Тошиќ ѝ ги праќал на социјалните мрежи.
Додека Јелена сѐ уште дава изјави поврзани со скандалот и вината ја префрла врз нејзиниот сопруг, со кого сѐ уште законски е во брак, Севе одлучи да побегне.
Хрватската пејачака објави фотографии на кои ужива на француската ривиера во градот Бијариц.
Освен што позираше во бела лежерна комбинација, Севе сподели и неколку фотки од знаменитостите што ги видела таму, како статуата на Богордица сместена среде Атлантскиот Океан, катедралите и другите историски градби.
На едно од видеата таа се прегрнува со Давор Гргин.
Давор е нејзин близок пријател и ПР агент, а тие двајца често заедно одат на одмори.
Тој беше заедно со Северина и во Тајланд, а на социјалните мрежи редовно споделуваат фотки на кои се бакнуваат и се прегрнуваат.
За нејзиниот 51-ви роденден Давор објави фотка на која страсно ја бакнува во врат, а до неа напиша:
„Одовде до вечноста...“
Јасно е дека заедно со нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, Давор е еден од најважните мажи во нејзиниот живот кој редовно ја следи и кој ѝ е еден од најблиските пријатели.
Погледнете уште неколку фотки од одморот на Северина во Франција:
Б. С. Б. | Црнобело