„Душко ѝ дал оружје на Северина за да ме повреди“ – Јелена Карлеуша за скандалозните пораки на сопругот

„Мојот сопруг не требало да ѝ даде оружје на Северина за да пука на мене“ – вели Јелена Карлеуша во изјава за медиумите откако целиот регион имаше можност да ги види пораките во кои ѝ се додворува на нејзината хрватска колешка.

dushko-i-dal-oruzhje-na-severina-za-da-me-povredi-jelena-karleusha-za-skandaloznite-poraki-na-soprugot-01.jpg

Сѐ уште не стивнува драмата помеѓу Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ и Северина.

Во текот на изминатите денови, Јелена и Душко се превираа преку Инстаграм, а сега пејачката даде изјава во која искрено кажа како се чувствувала кога ги видела пораките што нејзиниот поранешен сопруг ѝ ги праќал на нејзината хрватска колешка.

dushko-i-dal-oruzhje-na-severina-za-da-me-povredi-jelena-karleusha-za-skandaloznite-poraki-na-soprugot-03.jpg

Јелена даде изјава за српските медиуми и рече дека била разочарана заради однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг.

„Не знам што би рекла конкретно за тоа. Тажно е секако. Од една страна зборува за тоа и за нејзините намери, а од друга ми е жал што тоа се случи затоа што сметам дека мојот сопруг не требало да ѝ даде оружје за да пука на мене, иако сум мајка на неговите деца.

Преживеав многу удари и се здобив со многу превирања и исто така преживеав.

Жал ми е за тоа што се случи. Не ми е првпат да бидам разочарана, но не се надевав на такво нешто. Имам само 45 години, животот ќе ми приреди уште многу изненадувања и уверена сум дека ова не е крај“ – рече Јелeна.

dushko-i-dal-oruzhje-na-severina-za-da-me-povredi-jelena-karleusha-za-skandaloznite-poraki-na-soprugot-02.jpg

Инаку, за потсетување, војната меѓу Северина и Јелена Карлеуша започна откако тие двете се скараа за политички изјави, по што хрватската пејачка одлучи да ѝ се одмазди на Јелена и јавно ги објави пораките што ги добивала од нејзиниот сопруг.

По скандалот и изјавите на Јелена, Душко објави Инстаграм Стори во кое напиша дека се надева дека Јелена конечно ќе одлучи да се разведе со договор.

„И понатаму се обидувам да избегнам развод по тужба, затоа што тоа би било трауматично искуство за сите нас, особено за нашите деца.

Се надевам дека во наредниот период ќе постигнеме договор околу разводот, што е во интерес на сите“ – рече тој во една пригода.

dushko-i-dal-oruzhje-na-severina-za-da-me-povredi-jelena-karleusha-za-skandaloznite-poraki-na-soprugot-05.jpg

Додека Јелена отворено дава изјави за медиумите, Северина мудро молчи и не се огласува за драмата.

Прочитајте и Душко Тошиќ ѝ праќал пораки на Северина, сакал да му пее на јахта – Пораките заради кои бившиот на Карлеуша стана хит на Твитер

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си „Би ја замолила ‘другата страна’, наместо дополнително да нè срами во медиумите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg