Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си

„Би ја замолила ‘другата страна’, наместо дополнително да нè срами во медиумите (зарем не сме доволно обрукани за 3 животи) конечно да одговори на предлогот за спогодбен развод кој го чекам 5 години“, напиша Карлеуша, откако во јавноста се појави преписката на Душко Тошиќ и Северина.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-01.jpg

Не стивнува „војната“ помеѓу Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кого е разделена скоро 5 години.

Новата јавна преписка меѓу пејачката и фудбалерот почна откако Северина објави пораки што ѝ ги испраќал Душко, а од кои може да се прочита дека тој се обидува да флертува со неа.

Според српските медиуми, Северина ја објавила преписката со Душко за да ѝ се одмазди на Јелена, бидејќи двете пејачки веќе некое време се „прозиваат и расправаат“ преку пораки на Инстаграм Стори.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-08.jpg

Ова беше доволно за Јелена и Душко повторно да се најдат во центарот на вниманието на јавноста.

Изнервиран од некои пишувања дека Јелена е иницијатор за разводот, а не тој, и коментарот на Јелена дека тоа што го прави Душко низ годините само им создава стрес на децата, фудбалерот се огласи на Инстаграм Стори.

„Дај Боже конечно таа да реши да се разведеме спогодбено“.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-07.jpg

Тој потоа даде и подетално објаснување:

„Бидејќи гледам многу лаги од другата страна... Не зборував 4 години за својот приватен живот бидејќи сметам дека сум над секоја ситуација, но сè има свои граници, а мојата толеранција полека се приближува кон крајот, па затоа наскоро детално ќе ја раскажам својата верзија.

Само, се плашам дека медиумите ќе мора следните две години да се занимаваат со тоа“, напиша тој.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-03.jpg

Ова ја испровоцира Карлеуша, која му одговори:

„Додека јас спијам во соба со моите деца, ‘другата страна’, како што ме нарекува, пишува пораки од приватна журка.

Сигурно е некоја луда забава штом заборавил дека вчера ѝ даваше ексклузива на новинарката која за него пишуваше дека е хомосексуалец и дека го тепаат на сплавови, и која му го валкаше семејството со години.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-05.jpg

Што се однесува до заканите што им ги упати на медиумите, мора да кажам дека јас континуирано трпам закани од таков тип, следење, прислушкување, уцени, навреди, физички напади.

Би ја замолила ‘другата страна’, иако тука постои само една наша и тажна страна, наместо дополнително да нè срами во медиумите (зарем не сме доволно обрукани за 3 животи) конечно да одговори на предлогот за спогодбен развод кој го чекам 5 години. 

Тоа е сè што треба да го направи, наместо да ѝ се заканува на мајката на своите деца, која милион пати застана во негова одбрана“, напиша Карлеуша.

karleusha-vo-nova-vojna-so-dushko-toshikj-pomalata-kjerka-zastana-na-stranata-na-majka-si-04.jpg

Дека е на страната на својата мајка, преку ТикТок покажа помалата ќерка на Јелена и Душко, Ника.

Таа објави видео на кое пее песна од мајка си, па многумина коментираат дека е храбра и зрела и дека одлично (барем јавно) се носи со целата ситуација низ која поминуваат таа и сестра ѝ Атина, поради скандалите на нивните родители.

Погледнете го видеото:

@.nikaspam

Benga

♬ Benga Karly Spreda up - 𝐁𝐚𝐥𝐤𝐚𝐧 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞

Прочитајте и Душко Тошиќ ѝ праќал пораки на Северина, сакал да му пее на јахта – Пораките заради кои бившиот на Карлеуша стана хит на Твитер

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg