Заедно се 22 години, трча по неа со ќебе кога ѝ студи – Кој е соработникот на Северина, кого Игор Којиќ го обвини за распадот на бракот? (фото)

Тој буквално бдее над Северина, нема приватен живот и целосно ѝ е посветен. Тој ѝ ја отвора вратата од автомобилот и ѝ носи чадор кога врне, знае кога пејачката е уморна, а кога сака да се забавува до зори. Кој е најважниот маж во животот на Северина, кого Игор Којиќ и Милан Поповиќ не можат да го поднесат?

zaedno-se-22-godini-trcha-po-nea-so-kjebe-koga-i-studi-koj-e-sorabotnikot-na-severina-kogo-igor-kojikj-go-obvini-za-raspadot-na-brakot-foto-01.jpg

Поранешниот сопруг на хрватската пејачка Северина, Игор Којиќ даде пообемно интервју во кое ја отвори душата и говореше за неговиот однос со поранешната сопруга, за неизмерната љубов што ја чувствува за нејзиниот син Александар, но и за односот со поранешниот свршеник на пејачката Милан Поповиќ, со кого во последно време се најдобри другари, за што честопати добива критики.

Игор откри повеќе детали за нивниот однос, па во повеќе наврати за сè што ѝ се случило на пејачката во изминатите години ги обвини нејзините најблиски соработници.

Прочитајте и Прво интервју на Игор Којиќ по разводот со Северина: „Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден“

По неговото интервју, многумина го поставија прашањето кој е тој близок соработник на пејачката што е „виновен“ за сите неприлики во нејзиниот живот и што ја наведува да донесе погрешни одлуки?

Според дел од медиумите, најверојатно се работи за долгогодишниот менаџер и пријател на Северина, Томица Петровиќ, за кого таа и јавно рече дека покрај синот Александар (11), тој е најважниот човек во нејзиниот живот.

„Кога ќе загубите човек што не вреди ништо, па ниту разочарување, воопшто не ви е тешко. Кога ќе загубите човек што ве сакал, а вие сте направиле грешка, тогаш е најлошо.

На пример, ако мојот Томица, кој е прекрасен човек, ми каже 'збогум', ќе бидам очајна. Ме разбирате?“ – рече во една прилика хрватската пејачка Северина.

Томица Петровиќ или „човекот во црно“ како што го нарекуваат хрватските медиуми се грижи за кариерата на Северина од 2000-та година. Се разделија во 2019-та година, а откако пејачката и официјално се разведе од Игор Којиќ, Томица повторно е менаџер на пејачката.

За односот на Северина и Томица повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg