Американка открива: „Бев на адвентот во Загреб 2024/25 – зошто ме разочара?“
- Детали
- среда, 18 декември 2024
„Можам да кажам дека новогодишните базари во Загреб беа малку разочарувачки. Mи се видоа многу комерцијални и фокусот беше на забава и алкохол, а не на семејството“, вели Џенифер Кар.
Адвентот во Загреб за 2024/25 започна од 30 ноември и ќе трае до 7 јануари, на повеќе локации низ овој град.
Поточно, годинава се поставени новогодишни базари на вкупно 18 локации.
Не е ниту чудно што токму овој град ја земаше 3 години по ред наградата за град со најубав божиќен базар од градовите во Европа.
Божиќните базари низ Европа се толку актуелни што луѓе од САД специјално доаѓаат во празничниот период на посета.
Една од нив е Американката Џенифер Кар, која по посетата на Виена, го посетила и Загреб и го споделува своето искуство оттаму.
На 13-ти декември Џенифер Кар во Фејсбук групата „Magical Christmas Markets of Europe“ напиша:
„Поминавме неколку дена во Загреб посетувајќи ги новогодишните базари и истражувајќи го градот.
По посетата на Виена минатата седмица (и Германија пред неколку години) можам да кажам дека новогодишните базари во Загреб беа малку разочарувачки.
Поставени се на повеќе локации низ градот, што всушност е убаво затоа што поминуваш по улици осветлени од сијалички.
Но, ни се видоа многу комерцијални и фокусот беше на забава, односно на продажба на алкохол и гласна музика, поточно диџеи, освен еднаш кога наидовме на артист кој изведуваше во живо.
Фокусот требаше повеќе да биде на семејството и на чувството на заедништво.
Исто така, имаше малку занаетчиски изработки, а повеќе производи од масовно производство.
Но, во глобала беше убаво и уживавме во престојот. Наредна дестинација ни е Словенија“.
фото: Фејсбук
Фотографии од Џенифер Кар од Загреб:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





