Бурниот љубовен живот на Марина Перазиќ - Побегна од насилниот сопруг, имаше афера со 33-години помлад студент
- Детали
- сабота, 30 ноември 2024
На врвот на славата ноќе ѝ се јавувале непознати мажи и ѝ дишеле во слушалка, а на листата нејзини љубовници се и Владо Георгиев, Сергеј Трифуновиќ, Бајага...
Една од најзгодните и најпознати блондинки во поранешна Југославија, Марина Перазиќ, и денес привлекува внимание исто како во 1980-тите години.
Пејачката на култните „Денис и Денис“ важеше за една од најголемите срцекршачки на овие простори.
Таа неколкупати изјави дека во тоа време ноќе ѝ се јавувале непознати мажи и ѝ дишеле во слушалка.
Љубовниот живот ѝ беше и бурен и скандалозен, а на листата нејзини љубовници се и Владо Георгиев, Сергеј Трифуновиќ, Бајага...
На врвот на славата, во 1988 година, Марина Перазиќ реши да се пресели во Њујорк и да почне да живее во вонбрачна заедница со Иван Фејс Фирчи, тапанарот на „ЕКВ“.
Парот потоа се венча, доби две деца, но брзо потоа Марина си ги зеде децата и го напушти без најава.
Многу години подоцна, откри дека го оставила сопругот бидејќи ја физички ја злоставувал.
Фирчи, наводно, им ги криел пасошите за да не можат да ја напуштат земјата, а кога таа го оставила, случајот го пријавил и во полиција за да не можат да излезат од САД.
Но, Марина успеалала да набави нови документи и со децата заминала за Ријека, а потоа се преселиле во Белград.
Тапанарот не можел да ги види во следните 5 години, бидејќи не смеел да ја напушти Америка (за да добие државјанство).
Откако се развела од Иван, Марина почнала да бира помлади мажи за партнери.
Меѓу нив е и пејачот Владо Георгиев, со кого се гледала кон крајот на 1990-тите.
Перазиќ ова го откри во едно ријалити шоу, а тогаш кажа дека имала кратка афера и со Момчило Бајагиќ - Бајага.
Меѓу нејзините поранешни партнери е и актерот Сергеј Труфуновиќ.
Пејачката призна дека тој никогаш не ја гледал како жена со која би можел да го помине животот, туку како на некој на кого му треба внимание.
Иако никогаш не потврди, регионалните медиуми пишуваа дека во 2013 година таа имала афера со 33 години помладиот студент, Димитрије Среќковиќ Блугреј.
Во тоа време Димитрије имал 21 година, а Марина 54.
Тие заедно ја снимија песната „Тишина“ и на промоцијата на видеото дошле држејќи се за раце, што дополнително ги поттикна муабетите за нивната љубовна афера.
А. Ј. | Црнобело