Српски психолог со отворена критика: „Кога стана нормално Јутјуб да ја замени прегратката од мама и тато?“

„Како стигнавме до тоа кога има некоја вознемирувачка и стресна ситуација за детето, Јутјуб да биде поадекватен да го смири од гласот на мама и на тато, од нивниот допир со рака или од нивната прегратка?“ прашува српскиот психолог Ана Мирковиќ и го подели мислењето на родителите.

srpski-psiholog-so-otvorena-kritika-koga-stana-normalno-jutjub-da-ja-zameni-pregratkata-od-mama-i-tato-03_copy.jpg

Ана Мирковиќ е психолог од Србија, жена која често учествува на јавни трибини и предавања и важи за експерт во својата професија.

Таа неодамна гостуваше во подкаст, во кој зборуваше за екранизмот како проблем на модерното родителство, односно фактот што многу родители денес ги користат мобилните телефони и Јутјуб како средство да си смират своите деца за да престанат да плачат.

Таа своите заклучоци ги носи врз база на испитувањата што ги правела за сопствена докторска студија.

srpski-psiholog-so-otvorena-kritika-koga-stana-normalno-jutjub-da-ja-zameni-pregratkata-od-mama-i-tato-02.jpg

Па, во најавата за нејзиното интервју, д-р Мирковиќ вели:

„Јас навистина во својот живот во ресторан гледам многу бебиња кои веднаш штом ќе заплачат - добиваат мобилен телефон.

Д-р Игор Стефановиќ, педијатар и интернист во клиника за деца, ми раскажуваше дека кога прави многу комплицирани кардиолошки прегледи на двегодишни и тригодишни деца, тоа нив многу ги вознемирува, зашто мора да им го става она за ЕКГ и тоа е страшно за детето.

Родителите не можат да го смират детето, туку му даваат мобилен телефон, му вклучуваат нешто на Јутјуб.

Тој ми го кажа ова во еден наш разговор пред година и пол и јас многу често помислувам на тоа.

Како стигнавме до тоа кога има некоја вознемирувачка и стресна ситуација за детето, Јутјуб да биде поадекватен да го смири од гласот на мама и на тато, од нивниот допир со рака или од нивната прегратка.

Некаде згрешивме“.

srpski-psiholog-so-otvorena-kritika-koga-stana-normalno-jutjub-da-ja-zameni-pregratkata-od-mama-i-tato-06.jpg

Оваа нејзина изјава ги подели мислењата на Инстаграм, каде што е објавено видеото.

И додека едни ја поддржаа и се сложија со неа дека родителите треба повеќе да им се посветат на своите деца, имаше и такви на кои не им се допадна нејзиното мислење дека Јутјуб и телефоните се несоодветни за мали деца.

„Доста веќе од вакви експерти со плитки размислувања.

Споредувањето на ресторани каде што во 99% од случаите секој свесен родител, доколку сака да ја почитува културата на местото, не може да дозволи детето да трча низ ресторанот и да допира сè наоколу или да ги вознемирува другите гости на кој било начин.

Да имаше мало катче за играње на децата, овој проблем немаше да постои.

Второ, ситуација кога е од примарна важност детето да биде мирно поради здравствен преглед. Многу плитко размислување за експерт и многу лоши примери“, пишува, меѓу другото, во еден од коментарите.

srpski-psiholog-so-otvorena-kritika-koga-stana-normalno-jutjub-da-ja-zameni-pregratkata-od-mama-i-tato-01_1.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Зошто Ана Михајловски ги тера сите жени да престанат да чистат дома? Ана Михајловски сними видео како ја чисти тоалетната школка, мести кревети, пушт...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg