Си го променила личниот опис, гласини дека е бисексуалка – Што знаеме за популарната пејачка Сенидах?
- Детали
- сабота, 26 октомври 2024
Кога била мала, татко ѝ починал во сообраќајна несреќа, а сестра ѝ била во кома… Најсилно ја погодила смртта на мајка ѝ која починала кога пејачката имала само 27 години, па со месеци не излегувала од дома. Што знаеме за Сенидах, трап пејачката која е една од ретките што не пее на аутотјун?
Меѓу морето музички ѕвезди кои пеат на аутотјун, се чини дека Сенидах (39) е една од ретките балкански пејачи која може да се пофали со неповторлив и природен глас за пеење, а заради смелиот стајлинг и провокативните видеоспотови често ја споредуваат со Лејди Гага.
Сенидах често го менува стилот и имиџот, па можеме да ја видиме во секакви изданија: во провокативни фустани и бикини, до целосно природни изданија каде позира без грам шминка.
Таа ретко зборува за својот приватен живот, но во балканските и словенските медиуми често се објавуваат информации од луѓето коишто ја познаваат уште од детството.
Во продолжение неколку интересни факти за Сенидах што можеби не сте ги знаеле:
Сенидах е родена како Сенидах Хајдарпашиќ во 1985-та година во Љубљана, Словенија, но нејзините родители се со потекло од Црна Гора.
Постојат легенди дека татко ѝ потекнува од семејството на славниот Хајдар Паша Селим кој дошол во Бихор во 1689-та година со цел да ја задуши побуната на христијанското население таму.
Денес се верува дека негови наследници живеат во Црна Гора, Србија, Босна и Турција.
Кога пејачката била многу мало девојче, семејството имало тешка сообраќајна несреќа во која починал татко ѝ, мајка ѝ се здобила со тешки повреди, а сестра ѝ била во кома. Нејзините блиски веруваат дека таа никогаш не закрепнала од оваа трагедија.
Во 2012-та година Сенидах доживеала уште една голема трагедија кога починала мајка ѝ, која ѝ била најголема поддршка во животот.
Според изјави на блиските, во тој период Сенида се заклучила во станот и со месеци не излегувала оттаму.
„Поминаа 10 години откако почина. Не е лесно. Навистина не е лесно ниту денес.
Мислиш дека нема да преживееш и си мислиш дека ако нешто ѝ се случи и ти ќе си заминеш со неа…
Но, на крај остануваш овде и продолжуваш“ – рече Сенида во изјава за медиумите.
Таа пеела уште како мала, но била многу срамежлива. Станала славна благодарение на сестра ѝ, која ги објавила нејзините видеоснимки на Јутјуб. По ова сестра ѝ ја пријавила и на натпревар за таленти, по што брзо добила понуда од словенска продуцентска куќа.
Сенидах ја започнала кариерата како пејачка на словенечкиот соул поп бенд Muff, a од 2018-та година па наваму гради успешна соло кариера.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





