Ги крие годините, трипати го оперирал половиот орган – Фотки од најпластичниот Хрват пред операциите
- Детали
- недела, 09 јуни 2024
Заминал во Иран да го оперира носот, а лекарите увиделе дека под итно мора да го оперира и половиот орган. Направил голем број пластични операции, а целта му е засекогаш да изгледа како да има 47 години. Погледнете како изгледаше најпластичниот Хрват прес естетските операции.
Невен Цигановиќ е најпластичниот Хрват кој не се срами и отворено признава дека направил голем број пластични операции и естетски корекции на своето тело.
Но, малкумина се сеќаваат на тоа како тој изгледаше во минатото, пред да се претвори во жив Кен.
Невен е моден стилист и костимограф од Хрватска, кој на јавноста ѝ стана најпознат по учеството во шоуто „Survivor“, а се појавувал и во реалните шоуа „Големиот брат“, „Фарма“ и „Парови“.
Најмногу внимание привлекува затоа што е видливо дека целосно го променил својот личен опис со естетски операции, а многумина велат дека тој денес повеќе наликува на жива кукла.
Тој станал опседнат со својот изглед уште во средното образование, па сам признава дека страдал од пореметувања во исхраната.
„Кога бев во средно училиште, одлучив да ослабам, па станав анорексичен и булимичен. Бев многу опседнат со својот изглед“ – изјави тој во една пригода.
Тој има признаено дека првата операција ја направил уште во 1992-ра година, кога вградил силикони на усните.
Целта му била да ја прикрие лузната на усните, но по 20-тина години одлучил дека повеќе не сака да наликува на патка, па ги отстрани.
Тој вели дека денес има уште многу малку силикон во усните, кој останал зараснат во месото, а веќе не сака ниту да става хијалурон во нив.