Првата сопруга му се самоубила, се женел трипати – Факти за животот на Бора Чорба

Во младоста обивал домови за да си купи инструменти, имал бурен љубовен живот, а со него до крајот беше третата сопруга Дубравка - факти за животот на Бора Чорба, кој почина на 71-годишна возраст. 

prvata-sopruga-mu-se-samoubila-se-zhenel-tripati-fakti-za-zhivotot-na-bora-chorba-01_1.jpg

Српскиот рок музичар и текстописец, кој стана најпознат како фронтмен на бендот „Riblja čorba“, почина на 4 септември 2024, на 71-годишна возраст. 

Тој низ годините има напишано и отпеано бројни хитови со својот бенд, кои до ден-денес се пеат дури и од помладите генерации кои не се сведоци на времето кога „Riblja čorba“ ја стекнаа славата.

Зад себе ја остави сопругата Дубравка и двете деца, а претходно имал бурно минато.

Во продолжение погледнете неколку интересни факти за неговиот живот... 

Се занимавал со музика уште како дете, а првиот бенд го основал на 13 години и се викал Hermelin

View this post on Instagram

A post shared by ⚠️ FAN PAGE⚠️ (@_ribljacorba_)

Во младоста тој бил во истражен затвор, откако заедно со друштвото биле фатени дека упаѓале во туѓи богаташки домови и си купувале инструменти со парите

View this post on Instagram

A post shared by 100% Muzika 🔋 (@non.stop.muzika)

Учел во белградска гимназија, а потоа запишал Правен факултет, но по 2 години се предомислил за професијата и решил да се проба на глума

Во 1978 ја формирал групата „Riblja čorba“, која во само неколку месеци стана многу популарна

Славата влијаела на алкохолизмот на Бора, а тоа заедно со провокативните песни за општеството, направиле да стане еден од најконтроверзните музичари во Југославија

Ставовите против некогашната влада ги изразувал во песни, а има изјавено дека наводно заради некои од нив, во минатото го нарачале неговото убиство

Се оженил со неговата школска љубов Драгана, со која го добил синот Борис, а со нив живеела и Тамара, ќерката на сопругата од првиот брак, која тој ја прифатил како своја

Се знаеле од гимназија, но тогаш ништо не се случило меѓу нив, сè до 80-тите години, кога дошло до судбоносна средба со Драгана, која била во брак, но истиот доживеал крах и веќе била среде развод

Брзо потоа се родила хемија помеѓу нив и не чекале долго пред да се венчаат, на интимна церемонија, без свадбени веселби

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Цела „Маракана“ пее во чест на Бора Чорба додека тој се бори за живот во болница во Љубљана (видео)  „Нашиот голем ѕвездаш, Бора Чорба, ја води најголемата животна битка, а ни...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg