Цела „Маракана“ пее во чест на Бора Чорба додека тој се бори за живот во болница во Љубљана (видео)
- Детали
- четврток, 29 август 2024
„Нашиот голем ѕвездаш, Бора Чорба, ја води најголемата животна битка, а ние му посакуваме да победи“ - вчера на стадионот „Маракана“ во Белград беше пуштена песна од познатиот рокер, кој една недела е во критична состојба во болница во Словенија.
Бора Чорба, фронтменот на култниот југословенски бенд „Рибља чорба“ веќе една недела се бори за живот во болница во Љубљана, откако му се влоши здравствена состојба, поради проблемите со белите дробови.
И додека тој е во критична состојба, навивачката група Делии, на стадионот „Маракана“ во Белград му оддадоа почит на Ѓорѓевиќ, кој е исто така, страстен навивач на Crvena Zvezda.
фото: Фејсбук
Имено, вчера (28.08) најдобриот белградски клуб играше натпревар од плеј-офот во Лигата на шампиони против Bodø/Glimt, па на полувремето, во чест на славниот рокер на стадионот беше пуштена песната „Ne veruj im sine i ponosan budi“, која ја испеа тој.
„Нашиот голем ѕвездаш, Бора Чорба, ја води најголемата животна битка, а ние му посакуваме да победи и на овој начин му испраќаме поддршка“, се слушна на разгласот на стадионот, по што беше пуштена и песната.
Во тој момент, сите присутни запеаја во еден глас.
Погледнете го видеото од емотивниот момент:
А. Ј. | Црнобело