Звучи речиси исто како Бора - Моќна изведба на „Pogledaj Dom Svoj Anđele“, со новиот пејач на „Рибља Чорба“ (видео)

„Звучи речиси идентично како Бора“ – коментираат оние што имаа можност да го проследат настапот на рок групата „Рибља Чорба“ со новиот пејач Горан Јефтиќ. Иако пејачот и композиторот на најголемиот број хитови почина, сепак бендот продолжува со настапи.

zvuchi-rechisi-isto-kako-bora-mokjna-izvedba-na-pogledaj-dom-svoj-an-ele-so-noviot-pejach-na-riblja-chorba-video-01.jpg

Минатата недела групата „Рибља Чорба“ заедно со својот нов пејач Јован Јефтиќ го имаше првиот настап во родниот Чачак на Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, кој почина во септември годинава.

Синоќа (17.11), во белградски Сава Центар, свој концерт имаше групата „Легенде“, а пред белградската публика настапи и групата „Рибља Чорба“ со новиот пејач.

Тие ја изведоа песната Pogledaj Dom Svoj Anđele заедно со хор од 120 гласа, која звучеше моќно, а публиката со громогласен аплауз го поздрави нивниот настап.

Инаку, Јован Јефтиќ е долгогодишен соработник на Бора, кој работел како придружен вокал на рок легендата, а многумина се сложни дека тој има речиси идентичен глас со фронтменот на групата, кој почина во септември годинава.

zvuchi-rechisi-isto-kako-bora-mokjna-izvedba-na-pogledaj-dom-svoj-an-ele-so-noviot-pejach-na-riblja-chorba-video-02.jpg

„Рибља чорба“ и по смртта на Бора ќе продолжи со концерти и настапи, а синоќешниот концерт во Белград разбуди лавина емоции кај сите што имаа можност да го проследат.

Погледнете како звучи новиот пејач на Рибља чорба:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg