Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша има срце планина - На бездомни кучиња им обезбеди живот од соништата (фото) Јелена Карлеуша во 2023-та вдоми масакрирано куче, кое сега кај неа живее во нај...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Српски актер отворено зборува за синот кој има аутизам: „Мислевме дека не нè слуша и дека има пробле... „Кога имате дете со аутизам, нема место за реченицата: ’Јас не можам‘“ – вели ср...
Видео од евакуација на авион во Белград – Наместо да бегаат, патниците го земаат багажот „Оставете го багажот и излезете“ - ги опоменуваат стјуардесите патниците во авио...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...
„Чиста душа како неговата, тешко се шминка“ – Српскиот шминкер Стефан Суботиќ се трансформира во Тош... „Ова досега ми беше најтешката трансформација“ – напиша српскиот шминкер Стефан ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg