Српски актер отворено зборува за синот кој има аутизам: „Мислевме дека не нè слуша и дека има проблеми со слухот“

„Кога имате дете со аутизам, нема место за реченицата: ’Јас не можам‘“ – вели српскиот актер Бојан Кривокапиќ. Тој на приватен план е татко и сопруг, кој отворено зборува за аутизмот на својот син и се труди да им даде поддршка на сите родители што се соочуваат со ваква состојба кај своите деца.

srpski-akter-otvoreno-zboruva-za-sinot-koj-ima-autizam-mislevme-deka-ne-ne-slusha-i-deka-ima-problemi-so-sluhot-01.jpg

Српскиот актер Бојан Кривокапиќ деновиве е актуелен со улогата во серијата „Сабља“ каде што ја толкува улогата на убиецот на Зоран Ѓинѓиќ, Звездан Јовановиќ – Звеки.

Тој е син на познатиот српски актер Миодраг Кривокапиќ, а најмногу се прославил со улогата во филмот Montevideo – Bog te video!

srpski-akter-otvoreno-zboruva-za-sinot-koj-ima-autizam-mislevme-deka-ne-ne-slusha-i-deka-ima-problemi-so-sluhot-04.jpg

Освен со успешната актерска кариера, Бојан во српските медиуми со години наназад привлекува внимание и со тоа што тој и сопругата Таиса отворено зборуваат за синот кој има аутизам и се трудат да ја кренат свеста за оваа состојба.

Бојан од бракот со сопругата Таиса ги добил синот Богдан (5) и ќерката Невена (7), а во една пригода отворено раскажа како дознале дека нивниот син има аутизам, кога детето имало само 14 или 15 месеци.

„Не се вртеше кога го викавме, не реагираше на нашиот глас и мислевме дека има проблем со слухот. Се покажа дека слухот е во ред, па продолживме понатаму со испитувања.

Нашиот здравствен дом има развојно советувалиште за рана дијагностика и, за среќа, знаеја каде да нè упатат понатаму“ – раскажа Бојан.

srpski-akter-otvoreno-zboruva-za-sinot-koj-ima-autizam-mislevme-deka-ne-ne-slusha-i-deka-ima-problemi-so-sluhot-05_copy.jpg

Тој има свој поткаст насловен „Неосветлен агол“ каде со сопругата ги споделуваат своите искуства со детето и отворено зборуваат за сите предизвици со коишто се соочиле.

„Називот на поткастот ми се виде адекватен затоа што аутизмот е непознат.

Децата со аутизам имаат некој свој свет што за поголемиот број луѓе е нејасен“ – рече тој во едно гостување.

srpski-akter-otvoreno-zboruva-za-sinot-koj-ima-autizam-mislevme-deka-ne-ne-slusha-i-deka-ima-problemi-so-sluhot-06_copy.jpg

Јасно е дека родителите на децата со аутизам се соочуваат со голем број предизвици, па ниту Бојан и неговата сопруга не се исклучок.

Тој на својот Инстаграм профил често споделува видеа и фотографии од времето поминато со синот, а говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат како родители, во една пригода рече:

„Аутизмот е сериозен проблем, затоа што тоа е состојба што е доживотна и непредвидлива.

Тежок е патот на родителите на детето со оваа состојба.

Тие имаат малку луѓе на чијашто помош може да сметаат, а најчесто тоа се бабите и дедовците. Кога имате дете што значително побавно ги усвојува сите вештини на развојот, принудени сте да вложувате многу повеќе енергија, да бидете подготвени резултатите да не ги видите ниту утре, ниту за еден месец.

Можеби дури за една година ќе забележите значителен исчекор. За тоа е потребна огромна ментална и физичка сила“ – рече тој.

Тој нагласува дека за овие деца мошне е важно да имаат соодветен третман во првите три години од животот, кога најмногу може да се направи.

„Кога имате дете со аутизам, нема место за реченицата: ’Јас не можам‘. Мора да можеш затоа што нема кој друг да ти ги заврши обврските“ – вели Бојан.

srpski-akter-otvoreno-zboruva-za-sinot-koj-ima-autizam-mislevme-deka-ne-ne-slusha-i-deka-ima-problemi-so-sluhot-07_copy.jpg

Сопругата на Бојан е преведувач од англиски и француски јазик, а активно се занимава со психотерапија.

Многу често на Инстаграм профилот на поткастот на Бојан, таа споделува видеа на кои се гледа како работи со детето.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Северина доби поддршка од ѕвездите по загубата на старателството - Реакции и од Македонија „Моја Севе, не постои суд што може да застане меѓу мајката и детето. И детето го...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg