Јелена Карлеуша има срце планина - На бездомни кучиња им обезбеди живот од соништата (фото)
- Детали
- четврток, 29 август 2024
Јелена Карлеуша во 2023-та вдоми масакрирано куче, кое сега кај неа живее во најдобри можни услови. Потоа го вдоми и неговото братче, а сега донираше значителна сума за помош на бездомните животни.
Во мај 2023-та Јелена Карлеуша вдоми куче со тешка судбина и објави: „Запознајте го Алфа. Тој е сега моја грижа. Станува збор за куче кое е најдено масакрирано, со ампутирани две предни шепи, ампутирана опашка итн.“
Карлеуша тогаш доби низа пофалби за хуманоста, а нејзината љубов кон животните не сопира тука и таа продолжи со хуманите дела.
На Алфа пејачката му обезбеди дом, одлични услови и тон љубов, но годинава му донесе друштво, а во домот на Карлеуша се всели Омега, братот на Алфа, кој исто така бил во згрижувалиште за животни и никој не сакал да го вдоми.
Омега стана член од семејството на Карлеуша во март 2024 година.
Дека на Јелена ѝ е грижа за напуштените животни, доказ е и тоа што неодамна донираше околу 4.200 евра за помош на бездомните животни, а за тоа јавно говореше основачот на здружението „Вентура“ Марија Цвијетичанин при гостување во една српска ТВ емисија.
„Прва јавна личност која се јави за да ни помогне беше Јелена Карлеуша. Таа ни донираше сума од 4.200 евра која за нас многу значеше во моментот.
Почнавме да правиме боксови за кучињата, да ставаме чипови и ги искористивме за сè што беше итно во моментот“.
Покрај овие миленици, Карлеуша го дели својот дом со уште неколку други и не прекинува со својата борба за правата на животните.
Таа исто така постојано донира и за помош на болни дечиња.
С. С. | Црнобело