Јелена Карлеуша: „На ова куче некој му ги ампутирал предните шепи, херојски трпи страшна болка, но сега јас ќе го згрижам“
- Детали
- сабота, 27 мај 2023
„Запознајте го Алфа. Тој е сега моја грижа. Станува збор за куче кое неодамна е најдено МАСАКРИРАНО, со ампутирани две предни шепи, ампутирана опашка итн.“, ја започнува емотивната приказна Јелена Карлеуша, која треба да ја добие секоја пофалба за хуманоста, по вакво извршено ѕверство од некој.
Јелена Карлеуша е позната по борбата за првата на животните и љубовта кон нив, а сега тоа го докажа на дело во една навистина тажна ситуација.
Нејзината објава гласи:
„Запознајте го Алфа. Тој е сега моја грижа. Поради голем интерес од луѓе кои изразија желба да бидат во тек, ги објавувам овие фотографии.
Станува збор за куче кое неодамна е најдено МАСАКРИРАНО, со ампутирани две предни шепи, ампутирана опашка итн.
Кучето уште се бори за жибот, вчера имаше уште еднаш операција...
Кучето има сопственик, но сопственикот не е заинтересиран за кучето во ваква ситуација. Вели дека не знае кој или што му го направило ова.
Да скратам, ја преземав целата грижа и трошоци и сега е кај мене во Белград и ова куче сега ги има сите пари на овој свет, сета нега, најдобри лекари, храна, услови.
Му нарачав и количка за кучиња инвалиди. Засега му се прават тркалца. Кога раните добро ќе зараснат, ќе се обидеме со една нова техника и нов вид на импланти, кои би му се вградиле во зглобовите итн. Под услов телото да не ги отфрли.
Ова е експериментален метод од Лондон. Сите кои се јавуваат да помогнат, без грижа, кучето покрај мене има сѐ.
Инаку, кучето е младо, но не знаеме колку точно затоа што сопственикот ги избриша неговите фотографии од кога бил мал.
Проценката е дека има околу една година. Совршено е бел, иако сега крзното му е многу нечисто и поради раните не може да се избања, но ќе биде и тоа наскоро. Изгледа како бел питбул, а поради големината може да е и стафорд.
Јаде убаво, мирен е, но во тешка состојба. Желбата за живот му е огромна, како и борбата. Трпи страшна херојска борба, без да писне. Има само еден мал проблем Алфа изгуби многу крв и ни треба крв за да биде способен да поднесе уште неколку операции на реампутација.
За жал, и остатоците од нозете мора дополнително да се скратат поради гангрена.
Насилството над животните е нешто што длабоко ме трогнува и вознемирува. За вакво ѕверство немам ниту зборови“.
Вознемирувачките фотографии од повредениот Алфа се на фотографиите на стрелката десно:
С. С. | Црнобело