Бен Афлек ужива по разводот, Џеј Ло го провоцира со фотки: „Блиските ја критикуваат – се разведува 4-ти пат“
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
Додека Бен Афлек се однесува како да не се случило ништо, Џеј Ло споделува провокативни фотки на Инстаграм и ги убедува сите дека е среќна. Пријателите, пак, ја терале добро да размисли за своите животни одлуки бидејќи ова ѝ е 4-ти развод.
Една недела откако официјално поднесе барање за развод, Џеј Ло проба да докаже дека е во добро расположение.
55-годишната пејачка викендов беше забележана во трговски центар во Лос Анџелес со ќерка ѝ Еме и постојано беше насмеана, а и весело позираше за селфи.
Во саботата, пак, пејачката сподели неколку фотки на Инстаграм, вклучувајќи и селфи на кое се гледа нејзиниот задник.
Во коментари, фановите ѝ даваат поддршка во тешкиот период и ѝ порачуваат дека го заслужува најдоброто.
Во меѓувреме, Бен си продолжува со животот како да не се случило ништо.
По разводот, актерот се држи настрана од јавност, но беше „уловен“ додека чекаше доставувач на храна во неговиот дом.
Во лежерно издание, актерот неколкупати ѕиркаше од портата на неговата куќа и на крај ја зеде храната.
За разводот на парот се шпекулираше неколку месеци, најмногу бидејќи долг период не се појавуваа никаде заедно.
Сега, пак, извори тврдат дека тие биле разделени и на нивните последни заеднички појавувања и само глумеле дека сè е во ред.
Односно, на последните заеднички фотки, на кои и двајцата изгледаат мизерно, веќе одлучиле дека не сакаат да бидат заедно.
Ова е четврти развод за Џеј Ло и додека јавноста веќе се шегува на нејзина сметка, извори велат дека нејзините пријатели ја критикувале.
Имено, сметале дека е време добро да размисли за своите животни одлуки.
„По четири неуспешни брака, нејзините пријатели сметаат дека треба да погледне во себе и да се фокусира на себе, наместо на она што другите го очекуваат од неа.
Време е да одлучи која е и што сака од нејзината иднина“, вели изворот.
Јавноста доста дискутираше и за датумот на кој Џеј Ло поднесе барање за развод – нивната втора годишнина.
Имено, целта на пејачката била да го понижи и повреди Бен, како што тој ја понижил бидејќи ја оставил.
„Но, ова не го повреди. Тој стави крај на нивната врска одамна, и Џеј Ло е свесна за ова“, велат изворите.
„Бен ја повреди бидејќи велеше дека таа е љубовта на нејзиниот живот. Пред само две години имаа две венчавки. Па, тие не се тинејџери.
Џеј Ло е гневна бидејќи во целата ситуација се вклучени и нивните деца“, додава изворот.
Спирова С. | Црнобело