Водителката Цеце Николова ужива со дечкото на одмор - Самоуверена без перика, посреќна е од кога било
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
Цеце Николова е на летување со дечкото во Турција - на фотките што ги сподели изгледа посреќна од кога и да е - се гледаат заљубено и уживаат во врската која ја почнаа неодамна.
Водителката Цеце Николова, по бројните премрежија во животот, е заљубена и среќна.
Таа од неодамна почна да објавува фотографии со дечкото, чие име не го открива, а на фотките со него го користи само иницијалот „Б“.
Парот е на летување во Сиде, Турција од каде Цеце секојдневно споделува фотки и видеа на своите социјални мрежи.
„Летото со тебе“, напиша водителката на фотографиите, на кои е со дечкото, но и позира сама во базен.
Таа на фотките блеска од среќа и делува самоуверено без периката која не ја носи повеќе од една година.
Во моментот кога реши да ја симне периката, таа откри дека не само што се чувствува убаво, туку и почнала да ѝ расте коса.
Таа не носи перика ни во емисијата на којашто е водителка и често знае дека каже дека добива комплименти за изгледот, особено по промената што ја направи.
Па така и последната објава на Цеце со дечкото предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи.
„Прекрасни сте“, „Убави, уживајте во одморот“, се дел од коментарите.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Цеце Николова (24): „Алопецијата ми помогна да изградам самодоверба, а растењето без родителска грижа ме зајакна“
А. Ј. | Црнобело