Цеце Николова: „Пред една година излегов од дома без перика и повеќе не ја ставив - сега дури и коса ми расте“

„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив. Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна...“, ја почнува својата емотивна исповед Цеце Николова, новинарка од Скопје, која отворено говори за животот со алопеција.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-01.jpg

Цеце Николова е новинарка од Скопје која речиси целиот живот се соочува со алопеција, но дури минатата година собра храброст да ја тргне периката и да му ја прикаже на светот својата различност, односно својата уникатна убавина.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-06.jpg

Веќе една година таа е слободна и своја, а сега на Инстаграм објави неколку фотографии со кои го прослави тоа.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-05.jpg

Цецe на својот профил напиша:

„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив.

Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-03.jpg

После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава цел живот. Видов многу пострашни работи.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-02.jpg

Пред животот да ви помине во измачување, гушење, криење и лаги - погледнете се во огледало, ѕирнете си во душата, изговорете гласно сѐ од што се плашите и учете од сопствените стравови.

П. С. После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора“.

Цеце постојано докажува дека љубовта кон себе е најважниот тип на љубов во животот.

Таа е порасната без родителска грижа и денес е од другата страна на приказната, односно формираше здружение за помош на деца без родителска грижа кое се вика ЗА ТЕБЕ, 4U.

cece-nikolova-pred-edna-godina-izlegov-od-doma-bez-perika-i-povekje-ne-ja-staviv-sega-duri-i-kosa-mi-raste-04.jpg

Прочитајте го интервјуто со неа - Цеце Николова: „Алопецијата ми помогна да изградам самодоверба, а растењето без родителска грижа ме зајакна“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Цеце Николова упати емотивна честитка до жената што ја одгледала во СОС Детско село: „Таа од мене на... „Бескрајно сум благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша меѓу друг...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg