Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“
- Детали
- среда, 29 ноември 2023
„Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 100 грама“ – Јелена Карлеуша реши да се пресмета со сите што оставаат негативни коментари до нејзините објави и ја нарекуваат „баба“.
Српската пејачка Јелена Карлеуша годинава во август наполни 45 години, а на својот Инстаграм профил одлучи да се пресмета со сите што коментираат дека жените по 45-тата година во животот се стари баби и дека не треба да објавуваат провокативни фотографии.
Пејачката веќе е позната по своите смели аутфити, но и по тоа што не избира зборови кога треба да се пресмета со сите неистомисленици.
На нејзините објави на Инстаграм често има позитивни и охрабрувачки коментари, но и критики дека на жена на нејзина возраст, која е и мајка на две девојчиња, не ѝ доликува да споделува такви фотографии.
Во Инстаграм Стори што го избриша по само неколку часа, Јелена Карлеуша застана во одбрана на жените, па напиша:
„Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 100 грама. Од болката во...
Секој пат кога некој ќе каже дека жените се баби на 45 години мене ми се одразува уште еден стомачен мускул, а задникот ми се крева за 1 сантиметар.
Секојпат кога некој ќе каже дека жените се стари на 45 години, јас станувам уште помлада и побрутална.
Секојпат кога некој ќе ми каже дека жената на 45 години не треба да ги фотографира ‘градите и задникот’ јас им покажувам среден прст... Баравте, гледајте“ – напиша таа меѓу другото.
Нејзината изјава е објавена во голем број од српските медиуми, а на социјалните мрежи доби голема поддршка од нејзините следбеници и жените што сметаат дека пејачката е во право и дека треба да се престане со каква било дискриминација на жените врз основа на годините.
Б. С. Б. | Црнобело