Бресквица е висока само 160cm, а играла кошарка – Детали за пејачката, фаворит на српскиот избор за песна на Евровизија
Уште кога почнала да ги објавува своите први видеа со туторијали за шминка на Инстаграм, таа го користела уметничкото име Бресквица, а сосема неочекувано успеала да му го привлече вниманието на Марко Веруовиќ Војаж кој во тој период беше доста популарен.
Таа објави нејзин кавер на неговата песна „Гето феномен“, по што младиот пејач веднаш ја контактирал и така започнале да се допишуваат на Инстаграм, па се родила и нивната љубовна приказна.
Нивната врска привлекуваше големо внимание, а Војаж и Бресквица заедно објавија повеќе хитови, но во 2021-ва година одлучија дека треба да стават крај на врската и секој да тргне по својот пат.
Пејачката веќе подолго време е во врска со 8 години повозрасниот Никола С. кој работи во полиција и е член на интервентната единица, а работи и како обезбедување во ноќни клубови.
Бресквица често објавува фотки со него на кои има прстен, па така ги подгрева гласините дека е можно тие двајца наскоро да стапат во брак.
Инаку, нејзините фанови не беа пресреќни откако таа си фати нов дечко. Дел од нив сѐ уште потајно се надеваат дека таа ќе се смири со Војаж, а други коментираат дека новиот дечко е „набилдана верзија“ на пејачот.
Инаку, освен тоа што привлекува внимание со својата музика, Бресквица има и необично хоби. Таа обожава да купува стари автомобили и да ги уредува по сопствен вкус.
Така, минатата година таа купи 22 години стар автомобил Toyota на кој му стави портокалови фолии и го нарече „пчелка“.
@brrreskvaa Moja pčelica 🧡🐝🥹#celica #toyota #car #carlover #breskvica #fyp #tuning #toyotacelica #fastandfurious
♬ Originalton - MUC CRS
Б. С. Б. | Црнобело