Позната е како мошне мирна и повлечена девојка за која не се врзуваат скандали. Често ја менува бојата на косата, а кариерата ја започна благодарение на бившото момче Voyage - фановите ги молеа да се смират по раскинувањето. Која е Ангела Игњатовиќ, позната како Бресквица?
-->
Ангела Игњатовиќ е името на познатата српска трап пејачка позната под името Бресквица (21).
-->
Нејзината музика можете да ja слушнеte само онлајн, бидејќи не сака да настапува во клубови и дискотеки. Вели дека во иднина, кога би можела, најверојатно ќе избере настапи со акустични свирки.
Неодамна во интервју рече дека во моментов не се чувствува подготвено за да се пријави за учество во изборот на песна за Евровизија, но не ја исклучува можноста тоа да го направи во иднина.
Бресквица важи за мирна и повлечена девојка која зад себе нема многу скандали. Својата кариера ја започна заедно со српскиот трап пејач Voyage со кого подолго време беше и во врска.
Нејзината приказна почна на Инстаграм каде таа прво објавуваше сопствени фотографии и споделуваше совети за шминкање. Беше мошне активна па луѓето почнаа да ја препознаваат.
Во 2019-та година на младата пејачка мошне ѝ се допаднала песната Geto fenomen на Михајло Веруовиќ Voyage па во Инстаграм стори објави видео во кое ја пее таа песна, со што веднаш му го привлекла вниманието на младиот музичар.
Voyage прв воспоставил контакт со неа, па почнале да се допишуваат. Набрзо станале добри пријатели, а потоа следела и романтична врска и заедничка соработка. Заедно објавиле повеќе песни, а поради врската со познатиот српски музичар Бресквица стекна уште поголема популарност.
Voyage и Бресквица важеа за Џастин Бибер и Селена Гомез на Балканот и беа најпознатиот тинејџерски пар. Тоа што беа премногу млади не ги спречи да се обидат да живеат заедно, а нивните следбеници на социјалните мрежи буквално ги следеа во чекор.
Особено го привлекуваа вниманието со тоа што ги избегнуваа сите скандали, тврдеа дека образованието им е приоритет и дека не сакаат да го запостават заради музичката кариера. Во периодот додека беа заедно, парот честопати добиваше понуди за соработка, но беа мошне пребирливи, па велеа дека не сакаат да соработуваат со колегите што зад себе имаат голем број скандали.
За раскинувањето со Voyage и за нејзиното ново момче повеќе на следната страна...