Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол

„Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои познати личности од Србија имале проблем со дрога и алкохолизам?

poznati-lichnosti-od-srbija-koi-bile-zavisnici-od-droga-i-alkohol-01.jpg

Ретко се случува јавна личност отворено да зборува за својот живот и пороците кои ги има, но многумина од српската јавна сцена открија дека имаат или имале проблеми со алкохолот.

И покрај сите предности, богатството и славата во кои уживаат, животот на познатите не е бајка.

Многу од нив биле жртви на прекумерно консумирање на алкохол и дрога, а постојат и такви кои успеале да се ослободат од пороците. 

Владо Георгиев

Пејачот Владо Георгиев умееше да претера со консумирањето алкохол, но пред неколку години одлучи да се ослободи од овој порок.

„Боемски живот не значи само поминување време во кафеана, туку да се живее слободно и без притисок. Различно е.

Убаво е да се пие кога се релаксирате или правите музика, но главно низ животот - треба да бидете трезни.  Јас отсекогаш стоев на таа теорија.

Кога пиеш, некои работи можат да ти поминат без воопшто да забележиш“ - изјавил пејачот за српскиот магазин Story.

Со своите следбеници на социјалните мрежи го сподели и своето искуство со одвикнувањето од алкохол.

poznati-lichnosti-od-srbija-koi-bile-zavisnici-od-droga-i-alkohol-03.jpg

Џеј Рамадановски

Покојниот пејач Џеј Рамадановски не криеше дека поради алкохолот имал многу здравствени проблеми, а лекарите му рекле дека мора да престане да пие.

„Се обидувам да се ослободам од алкохолот, сите знаат дека имам проблем со него. Докторот ми забрани да пијам, бидејќи може да умрам, но повеќе би сакал да умрам отколку да се откажам од пиењето.

Го исфрлив вискито, кое најмногу ми се допаѓа, но не можам да живеам без алкохол. Пијам по три-четири ракии или две шишиња вино дневно. Еднаш се обидов да се откажам од алкохолот, кратко траеше.

Дури и моите ќерки не сакаат да ме гледаат со чаша, но јас работам и пијам цел живот, тоа е навика која не можам да ја отфрлам“ - изјавил Џеј за српските медиуми.

poznati-lichnosti-od-srbija-koi-bile-zavisnici-od-droga-i-alkohol-04.jpg

Даница Максимовиќ

Проблеми со алкохолизмот имала и актерката Даница Максимовиќ која признала дека пред многу години пиела по литар и половина вотка дневно.

„Тоа беше литар и половина вотка дневно. Луѓето пиеја на моја сметка. Земаш хонорар од банка и сакаш добро да се забавуваш, но потоа доаѓаш до работ на бездната и сфаќаш дека треба да застанеш.

 И, мора да имаш некој со тебе, најискрен пријател, кој ќе ти каже да престанеш“ - изјави Даница во српска емисија.

poznati-lichnosti-od-srbija-koi-bile-zavisnici-od-droga-i-alkohol-05.jpg

Бора Ѓорѓевиќ

Познатиот рокер Бора Ѓорѓевиќ во една прилика изјави дека е упорен во желбата дефинитивно да се излечи од алкохолизмот и дека во тоа му помага неговиот лекар.

„Решив повторно да одам на терапија. Воопшто не ми доликува да бидам пијан на оваа возраст. Алкохолот ми пречи, а со добри експерти добро ми оди одвикнувањето.

Земам само еден лек, кој е силен и има многу непријатни последици. Само ако лизнам алкохол можам да умрам. Добив и инјекции кои служат за детоксикација на телото“ - изјави Бора Чорба пред неколку години за српскиот Kurir.

poznati-lichnosti-od-srbija-koi-bile-zavisnici-od-droga-i-alkohol-06.jpg

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg