Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол
Весна Змијанац
Пејачката Весна Змијанац водела бурен живот во својата младост, а во својата автобиографија отворено зборува за своите пороци.
„Одев на гробиштата во Букуља, седев на гробот на некоја баба и пиев девет чаши ракија, па потоа заспивав. Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена.
Склона сум на тој порок, за кој нема оправдување, ниту го барам. Тажно е кога жената ги ублажува своите беда и очај со алкохол“ - има изјавено Весна.
Рамбо Амадеус
Во една ТВ емисија тој призна дека долго време користел марихуана, што според неговото сведочење го фрлило во тешка параноја, но и дека еднаш пробал хероин.
„Сум пробал хероин и имам директно искуство како тоа влијае врз човекот. За неколку секунди се чувствувате како петгодишно момче кое за роденден добило играчка за која сонува со денови.
Наеднаш срцето ви се полни и одеднаш ве обзема нешто леснотија и само ја испуштате ужасната нервоза што ја носите цел живот и ве обзема убаво чувство.
Сепак, по еден час, два или три, започнува вториот период. Периодот кога дрогата попушта, кога одеднаш се чувствувате како да сте живи закопани и одеднаш сте труп од месо и коски кој не гледа причина за сопственото постоење.
Следниот ден кога доаѓав на себе тоа ми беше толку одвратно што си реков: 'Ова никогаш повеќе нема да го пробаш во животот'“.
Аца Лукас
Еден од првите што јавно призна дека се нашол во „пеколот на дрогата“ е секако фолкерот Аца Лукас.
Тој рече дека луѓето не се ни свесни колку наркоманијата зема замав и оти смета дека статистичките податоци за бројот на зависници од дрога не се точни, бидејќи „за жал, бројката е многу, многу поголема“.
„Тешко е да закрепнеш од зависноста од дрога. Но, сепак, е можно. Додуша не користев хероин и немав такво влошување на телото, мозокот...сѐ.
Но, како човек во години, кој има деца, сфатив дека тоа е болест и дека морам да се ослободам од неа. И се ослободив“ - изјави Аца за српските медиуми.
Горан Бреговиќ
Лидерот на групата „Бело дугме“, Горан Бреговиќ започнал да консумира дрога кога имал само 16 години.
„Како тинејџер, од 16 до 18 години во мозокот внесував толку ЛСД, што повеќе не функционираше човечки“ - изјави музичарот во емисија на ТВ Белград.
С. Ш. | Црнобело