Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавност

„Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев зрел за тоа“ – Огњен Амиџиќ за првпат, 13 години по разводот, откри зошто се распаднал неговиот прв брак. Која била првата жена со која водителот застана пред олтар и што знаеме за неа?

shto-znaeme-za-prvata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-taa-go-zaprosila-nikogash-ne-se-pojavil-so-nea-vo-javnost-01.jpg

Српскиот ТВ водител и актер Огњен Наумовиќ деновиве во тајност се ожени за својата трета сопруга, колешката Мина Наумовиќ, а малкумина знаат дека ова му е трет брак. За неговата втора сопруга Данијела Димитровска се знае многу, но ретко кој се сеќава на првата жена што успеа да го освои неговото срце.

Пред Данијела и Мина, Огњен бил во брак со српската ТВ водителка Милица Марковиќ, со која се запознале во 2002-ра година, а и двајцата тврдеа дека тоа било љубов на прв поглед.

Во брак стапиле 4 години подоцна, во 2006-та, а се венчале во манастирот Каона кај Шабац. Огњен во една пригода откри дека тој неколкупати се обидувал да ја запроси, но на крај таа го запросила него.

Интересно е тоа што додека биле во брак, Огњен и Милица многу ретко се појавувале заедно во јавност, а неговата прва сопруга во една пригода коментираше зошто избегнуваат да излегуваат заедно пред камери.

„Просто не ми е пријатно кога во јавност нè сликаат заедно, затоа што се трудам нашиот приватен живот да го држам во тајност“ – изјави таа.

shto-znaeme-za-prvata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-taa-go-zaprosila-nikogash-ne-se-pojavil-so-nea-vo-javnost-03.jpg

Но, нивниот брак не траел долго. Тие во 2010-та година ја известија јавноста со заедничко соопштение во кое открија дека нивната љубов згаснала, но дека засекогаш ќе останат во пријателски односи.

По разводот, Милица се повлече од јавниот живот.

Долги години Огњен молчеше за својот прв брак, но неодамна даде изјава во која коментираше зошто одлучил да застане пред олтар со Милица.

„Никогаш не можеш да знаеш кога ќе се случи тоа, таа емоција, таа суштина. Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев зрел за тоа. Сега ми е третпат, трета среќа и мислам дека тоа е тоа“ – изјави Огњен.

shto-znaeme-za-prvata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-taa-go-zaprosila-nikogash-ne-se-pojavil-so-nea-vo-javnost-02.jpg

По бракот со Милица, Огњен стапи во брак со Данијела Димитровска со која го доби синот Матеј (10), но нивниот брак заврши со развод во 2022-ра година.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg