Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“
- Детали
- четврток, 04 јануари 2024
„Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе живеевме во брак, сега сме венчани и ‘на хартија’. Јас сакав Мина да се презива како мене и таа сега го носи моето презиме. Тоа што на Инстаграм го оставила и своето, ве лаже, да знаете“, во свој стил Огњен Амиџиќ потврди дека се оженил третпат.
Огњен Амиџиќ и неговата 20 години помлада девојка Мина Наумовиќ се венчаа тајно, а водителот ја потврди веста за српските медиуми. Ова е трет брак за познатиот водител.
Дека се во брак, открија откако Мина на Инстаграм го смени презимето и го додаде Амиџиќ, па ги поттикна шпекулациите дека се венчале.
„Вистина е, се венчавме. Сакавме тоа да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе живеевме во брак, сега сме само венчани и ‘на хартија’.
Јас сакав Мина да се презива како мене и таа сега го носи моето презиме. А, тоа што на Инстаграм го оставила и своето, тоа ве лаже, да знаете.
Кога ќе се случи љубов нема многу што да се зборува“, рекол Огњен во својата изјава.
Тој не откри кога се венчале.
Парот го очекува своето прво дете, а Мина е во поодмината бременост и наскоро треба да се породи.
Огњен и Мина една година се во врска, а се сретнале пред околу две години.
Двајцата се од Шабац, а таткото на Огњен, пак, ѝ бил класен раководител на мајката на Мина на училиште.
Тие се сретнале кога Мина почнала да работи во телевизија Пинк.
За потсетување, пред бракот со Мина, Амиџиќ беше уште двапати во брак.
Тој беше оженет со манекенката Данијела Димитровска, која ја запозна додека гостувала во неговата емисија во 2009.
Се венчаа во 2012-та, а по десет години брак, од кој имаат син, соопштија дека ќе се разведат.
Пред Данијела, Огњен беше во брак со колешката Милица Марковиќ, од 2006 до 2010 година.
Таа работеше на информативна емисија во Пинк, а по разводот се повлече од медиумите.
А. Ј. | Црнобело