Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет Оздемир
- Детали
- понеделник, 01 јануари 2024
Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствениот изглед. Мрази да оди во шопинг, а турските таблоиди постојано го поврзуваат со колешки, иако тој никогаш јавно не признал дека е во врска со некоја од нив – Кој е турскиот актер Енгин Акјурек, кој важи за еден од најпосакуваните турски ергени?
Турскиот актер Енгин Акјурек на македонската публика ѝ е познат по голем број улоги во турски серии - „Судбината на Фатмаѓул“, „Ќерката на амбасадорот“, „Изгубена чест“, „Љубов и пари“...
Честопати се наоѓа на списоците на најубавите и најпосакуваните турски актери, а со години наназад успева да ја освои публиката како со талентот за глума, така и со харизмата.
Што знаеме за овој познат актер?
Енгин е роден на 12-ти октомври 1981 во Анкара, Турција. Татко му бил вработен во јавната администрација, а мајка му била домаќинка.
Убавиот актер прво избрал сосема поинаква професија. Тој во 2002-ра година дипломирал на Катедрата за историја во Анкара, и се стекнал со знаења од областа на јазиците и историјата.
Но, две години по дипломирањето одлучил да проба нешто ново, па се пријавил во шоуто за таленти Türkiye’nin Yıldızları, каде го освоил првото место и добил улога во турска серија.
По ова следувале голем број филмски проекти и награди, а во моментов е најпопуларен заради улогата во серијата Adım Farah, каде играат заедно со Демет Оздемир.
Енгин, иако е мошне популарен заради својата актерска кариера и беше прогласен и за „најубав маж на светот“ според Be Global Fashion Network, важи за мошне повлечена личност која својот приватен живот се труди да го чува подалеку од очите на јавноста.
Низ годините го поврзувале со голем број познати дами: Џансу Дере, која ја играше улогата на Сила во Сулејман Величествениот, како и актерките Тувана Туркај и Бестемсу Оздемир, со кои играа заедно во „Љубов и пари“.
Но, досега Енгин не признал отворено дека бил во љубовна врска со некоја од нив.