Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“

„Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една стапица – прво добиваш дете, па потоа растеш“ – изјави Милош Биковиќ неодамна. Српскиот актер вчера го доби својот прв син, а прочитајте какви се неговите планови за семејството.

milosh-bikovikj-stana-tatko-duri-otkako-kje-stanesh-roditel-pochnuvash-da-rastesh-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ, вчера (09.01) стана татко и го доби своето прво дете. Неговата свршеница Ивана Малиќ на свет го донесе нивниот син, а парот максимално се труди сите детали да ги задржи за себе и не сподели многу во јавноста.

Според пишувањата во српските медиуми, Милош присуствувал за време на породувањето, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

Со оглед на тоа што се роди на големиот празник Свети Стефан, дел од медиумите пишуваат дека актерот најверојатно ќе го крсти синот во чест на овој светец, но засега нема официјални информации од парот.

Интересно е што неговиот син се роди само една недела пред актерот да го прослави својот 36-ти роденден на 13-ти јануари.

milosh-bikovikj-stana-tatko-duri-otkako-kje-stanesh-roditel-pochnuvash-da-rastesh-04.jpg

Актерот, во свој стил, наместо први фотки од бебето, на социјалните мрежи објави цртеж, нацртан со пенкало на некој дел од телото, а на него се гледаат мајка, татко и бебе, по што следуваа голем број честитки и позитивни коментари.

milosh-bikovikj-stana-tatko-duri-otkako-kje-stanesh-roditel-pochnuvash-da-rastesh-03.jpg

Инаку, претходно Милош гостуваше во подкаст на една српска телевизија каде отворено зборуваше за предизвиците на родителството, па рече:

„Прочитав некаде дека никој никогаш не зажалил за новиот живот само заради тоа што порано не станал родител. Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една стапица – прво добиваш дете, па потоа растеш, дури тогаш почнуваш да живееш за некој друг“ – изјави Милош.

milosh-bikovikj-stana-tatko-duri-otkako-kje-stanesh-roditel-pochnuvash-da-rastesh-05.jpg

Актерот кој со години наназад живее на релација Белград – Москва вели дека нема намера да се откаже од кариерата.

Според него, свршеницата Ивана и детето ќе значат еден вид „всидрување“ што ќе биде противтежа на неговите „лудила“.

„Планирам да го малтретирам семејството со авионот таму-ваму. Мојот живот е мој живот. Децата ќе станат исти како тебе.

Не можам да се откажам од некои работи што сум ги создавал цел живот, ќе гледам да им помогнам, но не можам да го стопирам својот живот, не можам да се откажам од сѐ – ќе полудам. На децата не им треба луд татко. Мора да најдам некој баланс“ – изјави Биковиќ.

milosh-bikovikj-stana-tatko-duri-otkako-kje-stanesh-roditel-pochnuvash-da-rastesh-06.jpg

Инаку, за потсетување, Милош Биковиќ и убавата адвокатка со црногорско потекло Ивана Малиќ се во врска нешто повеќе од две години, а убавите вести за бременоста ги криеја неколку месеци.

Прочитајте и Милош Биковиќ искрено за скромните почетоци: „Мојот син ќе има богат татко, јас немав таква среќа“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg