Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко, девојката Ивана е бремена со нивното прво дете

Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, и неговата девојка Ивана Малиќ, ќе станат родители.

milosh-bikovikj-naskoro-kje-stane-tatko-devojkata-ivana-e-bremena-so-nivnoto-prvo-dete-01_1.jpg

Актерот Милош Биковиќ ќе стане татко. Неговата девојка Ивана Малиќ е во првото тримесечје од бременоста, пишуваат српските медиуми, кои објавија фотографија на која се гледа нејзиниот труднички стомак.

По ова и Милош ја потврди веста, велејќи дека тој и Ивана се пресреќни, иако не сакале да зборуваат за бременоста, но папараците ја откриле нивната тајна.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, најверојатно најважен момент во нашите животи. Не сакавме да откриваме, но папараците нè ставија во ситуација да немаме избор.

Ви благодариме на сите на убавите зборови и честитки, но ги молиме медиумите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашите животи. Кога ќе сакаме да зборуваме на оваа тема, ќе ве контактираме“, напиша тој.

Ивана и Милош се заедно од 2021 година, но врската долго време ја чуваа во тајност.

Сепак, последнава година, тие одат постојано на егзотични патувања и објавуваат заеднички фотки и видеа. Ивана беше со Милош и во Москва на премиерата на неговиот филм „Предизвик“.

Неодамна српските медиуми пишуваа дека актерот купил стан во кој ќе се всели со девојката и ќе почнат заеднички живот, но Биковиќ не ја коментираше нивната информација. 

Милош во изминативе неколку месеци двапати беше во Македонија. Тој најпрво беше во Скопје на премиерата на рускиот филм „Предизвик“, а потоа и во Охрид, каде што глумеше во претставата „Лагата“ на затворањето на Охридско лето 2023.

Прочитајте и „Мојот прадедо бил војвода со Гоце Делчев, а јас сакам да ги истражам своите македонски корени“ – Милош Биковиќ за кариерата и животот

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја емотивна откако заврши во гипс: „Трагедија се случи во нашиот град Нови Сад, заг... „Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадат...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg