Милош Биковиќ ужива во Охрид: Беше на Антички театар, со катамаран пловеше до изворите на Црн Дрим
- Детали
- недела, 20 август 2023
Милош Биковиќ, заедно со неговите колеги Миодраг Радоњиќ, Јелисавета Орешанин Теодосиќ и Тамара Крцуновиќ се во Охрид - тие вчера (19 август) беа на вечера во познат ресторан, а денес уживаа додека пловеа по Охридското Езеро.
Најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ е во Охрид, каде вечерва (20.08) ќе настапи на затворањето на 63. издание на Охридско лето со претставата „Лага“, работена по делото на Флоријан Зелер.
Актерот и неговите колеги од Драмскиот театар - Миодраг Радоњиќ, Јелисавета Орешанин Теодосиќ и Тамара Крцуновиќ, вчера пристигнаа во Охрид и имаа проба на Антички театар.
Оттаму организаторите ги одведоа на вечера во познат охридски ресторан, а денес пловеа со катамаран до изворите на Црн Дрим, каде што ручаа.
Актерите на своите профили на Инстаграм споделија неколку видеа и фотографии од времето поминато во Охрид, и додека пловеа по езерото, па покажаа како уживаат.
Биковиќ, кој има македонски корени (неговото семејство потекнува од Берово), неодамна беше во Скопје, каде што го промовираше својот филм „Предизвик“.
Прочитајте и „Мојот прадедо бил војвода со Гоце Делчев, а јас сакам да ги истражам своите македонски корени“ – Милош Биковиќ за кариерата и животот
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм стори