Од несреќен алкохоличар до најплатен турски актер – Животната приказна на Халит Ергенч
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Поради неговата сестра со посебни потреби родителите го запоставувале. Спиел на улица чекајќи улога, а пред да стане популарен работел и како шанкер и како аниматор. Што знаеме за турскиот актер кој се прослави како Онур и Султанот Сулејман?
Еден од најпознатите турски актери, Халит Ергенч немал бајковит живот пред да стане популарен.
Неговиот пат до успехот воопшто не бил лесен.
Македонската публика го запозна со улогата на Онур во серијата „1001 ноќ“, а огромна популарност кај нас стекна и со улогата на Сулејман во серијата „Величествениот“.
Но, за да стигне до овде морал да помине низ трнлив пат.
фото: Инстаграм
Халит е роден на 30 април 1970 година во Истанбул.
Тој е син на турскиот музичар и актер Мехмет Саит Ергенч.
Ниту во детството не му било лесно, бидејќи целото внимание неговите родители го посветувале на неговата помала сестра Азад, кој е родена со ментални потешкотии.
На Азад ѝ била потребна 24-часовна нега, па Халит честопати бил запоствуван.
фото: Инстаграм
Додека бил во основно училиште, неговите родители се развеле.
По школувањето, тој се запишал на Техничкиот универзитет во Истанбул, на катедрата за поморска архитектура и морски науки.
По една година студирање сфатил дека уметноста повеќе го влече и одлучил да се запише на катедрата за опера.
фото: Инстаграм
За да заработи пари за студиите се занимавал со разни работи: од програмирање до часови по танц.
Работел со скратено работно време како музичар и како актер и е горд на сето она што го постигнал на многу млада возраст.
Понекогаш бил и аниматор облечен како робот.