Од несреќен алкохоличар до најплатен турски актер – Животната приказна на Халит Ергенч
Во потрага по подобар живот заминал во Америка, каде ноќите ги поминувал гледајќи мјузикли и сонувајќи дека и тој еден ден ќе биде дел од нив.
Два дена спиел под отворено небо, чекајќи да му доделат улога во мјузикл, сѐ додека не му рекле дека не им е потребен.
И токму кога сакал да се откаже од глумата, добил понуда да биде актер во патувачкиот театар за деца во Турција.
Во исто време време работел и како шанкер во фоајето на музичкиот театар.
„Бев без „скршен денар“ и ми требаа пари, а ми беше трагично да играм во детски театар. Додека ја работевме претставата „Кралот Лав“, често бев пијан на сцената. Бев очаен“, изјавил актерот за Ensonhaber.
фото: Инстаграм
Но, набрзо потоа пристигнала неговата животна понуда и неговата кариера тргнала во нагорна линија.
Улогата во серијата „1001 ноќ“ целосно му го сменила жвотот.
Таму ја запознал и жената на својот живот, 12 години помладата актерка Берѓузар Корел, која во оваа серија ја имаше улогата на Шехерезад.
Во моментот кога се заљубиле еден во друг, Халит веќе бил во брак со 14 години помладата актерка Ѓизем Сојасалди.
Берѓузар раскинала со своето тогашно момче, Халит побарал развод од Ѓизем која тогаш била бремена, па се одлучила за абортус.
Актерот ѝ исплатил 250.000 лири на поранешната сопруга во текот на бракоразводната парница за што е можно побрзо да ги потпише документите.
Халит и Берѓузар денес имаат три деца: синовите Алиј и Хан и ќерката Лејла.
И покрај тоа што успешно плови во брачните води, турските медиуми го поврзуваат буквално со секоја негова колешка од сериите на кои работи.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм