„Мојот прадедо бил војвода со Гоце Делчев, а јас сакам да ги истражам своите македонски корени“ – Милош Биковиќ за кариерата и животот

„Кога ја прифатив улогата во филмот што се снимаше во вселената, знаев дека ќе има предизвици, но не бев свесен дека ќе бидат толку големи. Прво вежбавме со хирурзи пред снимањето и учевме како се држат инструментите за кога ќе снимаме, дури и во бестежинска состојба, да го правиме тоа правилно, како да оперираме цел живот. А потоа нè ставија во авион кој почнува да паѓа во слободен пад и одеднаш се најдовме во бестежинска состојба каде што сè околу нас лебди, лета и ти не можеш да застанеш“, вели Милош Биковиќ во интервју за CRNOBELO.com.

vazhno-e-pokraj-sebe-da-imash-partner-koj-ti-ja-razbira-profesijata-zashto-toj-stanuva-del-od-tvoeto-semejstvo-i-identitet-intervju-so-milosh-bikovikj-za-karierata-i-privatniot-zhivot-01.jpg

Првата асоцијација за Милош Биковиќ е регионална филмска ѕвезда. И навистина е таков – актер кој почна скромно уште од дете, со мали улоги во српски серии, за да стигне до една од главните улоги во рускиот филм „Предизвик“, кој истовремено е и првиот филм снимен во вселената.

Тој никогаш не сакал да глуми во Холивуд, а сепак донесе многу холивудски актери во Србија, вклучувајќи ги Џони Деп, Вилијам Болдвин, Ерик Робертс...

И покрај тоа што најчесто делува резервирано, кога ќе ви се насмее, се топите пред неговиот шарм.

Умерен во одговорите, познат и како човек што ја крие својата приватност, во интервју за CRNOBELO.com Милош зборуваше за неговиот прадедо, војводата Иван Биковски кој бил во иста чета со Гоце Делчев, за предизвиците со кои се соочил кога снимал во бестежинска состојба во авион што паѓа, но и за тоа колку е важно да имаш партнер кој те поддржува.

vazhno-e-pokraj-sebe-da-imash-partner-koj-ti-ja-razbira-profesijata-zashto-toj-stanuva-del-od-tvoeto-semejstvo-i-identitet-intervju-so-milosh-bikovikj-za-karierata-i-privatniot-zhivot-19.jpg

Во продолжение целото интервју на Милош Биковиќ за CRNOBELO.com:

Првпат си во Скопје за премиера на некој твој филм, иако публиката те чекаше и за „Монтевидео“ и „Јужен ветер“, но некако, се погоди тоа да е за „Предизвик“, првиот филм снимен во вселената. Како се чувствуваш?

Да, така некако се поклопуваше секогаш во времето на скопската премиера да сум некаде на пат.

Но сега сум конечно тука, во земјата од каде што потекнува моето семејство и се радувам на средбата со фановите малку подоцна.

Убаво ми е, пријатно.

vazhno-e-pokraj-sebe-da-imash-partner-koj-ti-ja-razbira-profesijata-zashto-toj-stanuva-del-od-tvoeto-semejstvo-i-identitet-intervju-so-milosh-bikovikj-za-karierata-i-privatniot-zhivot-10.jpg

Пред неколку години откри дека имаш потекло од Берово и дека пред да се преселат твоите предци во Србија, сте биле Биковски. Си бил ли некогаш таму и имаш ли желба да одиш и да ги истражиш своите македонски корени?

Не сум бил никогаш во Берово, но имам желба и ќе отидам некогаш. Неодамна некој портал објави приказна која ми е многу интересна.

Мислам, јас сега не знам дали е тоа реална и колку може да ѝ се верува на таа информација, а пишуваше дека Иван Биковски, некој македонски војвода, бил мој прадедо и дека бил во иста чета или организација со Гоце Делчев.

Но, многу е интересно дека тој Иван Биковски, на таа фотографија што ја нашле од она време, многу личи на мојот чичко. И кога ги споредувам, си велам, па, тоа е таа генетика, постои врска.

И навистина ние во нашето семејно дрво имаме Иван Биковски за кој знаеме дека бил дедо на мојот чичко.

Така што, можно е да се тоа вистински приказни, дека постои некаква врска, само не сум сигурен околу неговото потекло кој е и што е, но многу би сакал да го дознаам тоа.

vazhno-e-pokraj-sebe-da-imash-partner-koj-ti-ja-razbira-profesijata-zashto-toj-stanuva-del-od-tvoeto-semejstvo-i-identitet-intervju-so-milosh-bikovikj-za-karierata-i-privatniot-zhivot-15.jpg

Постојано си на релација Белград – Москва, а сега со промоцијата на филмот „Предизвик“ патуваш и низ регионот. Дали ти станува мачен животот во куфери и се чувствуваш ли уморен по малку од сето тоа трчање на сите страни?

Да, уморен сум, затоа што од февруари, па еве сега до мај, спремав претстава, имав некои снимања, па имавме премиера и 15-16 изведби на претставата, а сега влегувам и на ново снимање.

Така што мислам дека до средината на јули ќе имам обврски, но се надевам дека после тоа ќе можам да се одморам.

vazhno-e-pokraj-sebe-da-imash-partner-koj-ti-ja-razbira-profesijata-zashto-toj-stanuva-del-od-tvoeto-semejstvo-i-identitet-intervju-so-milosh-bikovikj-za-karierata-i-privatniot-zhivot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg