По Бали, Милош Биковиќ со девојката на одмор на Малдиви – ја покажа мистериозната тетоважа (фото)
- Детали
- среда, 14 септември 2022
„Го имам најдобриот фотограф“ – се пофали девојката на Милош Биковиќ во описот до новата фотографија што ја објави од одморот на Малдиви. Актерот, пак, за првпат ја покажа тетоважата за која малкумина знаеја дека ја има.
Ивана Малиќ, по професија е правничка, а успеа да го освои срцето на српскиот актер Милош Биковиќ, кој во минатото беше познат по тоа што бил во врска со голем број манекенки и актерки.
Ивана и Милош претходно беа на одмор на Бали, а од новите фотки може да се забележи дека одлучиле летово да одат и на Малдиви. Ивана го покажа своето извајано тело, но го пофали и талентот за фотографија на нејзиниот дечко.
„Го имам најдобриот фотограф (кога сака)“ – напиша Ивана до фотографијата.
Голем број нејзини следбеници упатија позитивни коментари до неа:
„Прекрасна“, „Убавица“, „Изгледаш како супермодел“, „Милош станал и актер и фотограф“, „Ништо без убава жена, џабе ти е фотографот“ – стои во дел од коментарите.
Освен Ивана, и Милош на својот профил сподели уште неколку нови фотографии на кои се гледаат белите песочни плажи. Актерот овојпат ја покажа и тетоважата за која малкумина знаеја и дека ја има.
За потсетување, актерот на почетокот на годинава гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“ каде откри дека има тетоважа на десното рамо. Кога Огњен го праша што има на тетоважата, тој не сакаше да открие.
https://www.youtube.com/watch?v=xREhYB4hdFw
Сега, очигледно актерот се премисли и со своите следбеници сподели фотографии на кои во целост може да се види уметноста на неговото тело.
Инаку, ова е вторпат Милош и Ивана да заминат на одмор ова лето. Тие претходно беа во луксузниот ресорт St. Regis Bali Resort, на Бали каде една вечер чини 600 евра.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело