Која а Арина Волошина - згодната, руска танчарка која ја поврзуваат со српскиот актер Милош Биковиќ?

Арина стана мета на интерес откако наводно Биковиќ на почетокот на годината ја донел во Србија, а заедно се појавија и на вечерата на Интернационалниот филмски фестивал во Москва. Како оваа шампионка во модерен танц од релативно непозната личност стана топ тема во медиумите?

Koja-e-Arina-Volosina-Tancerkata-bila-recisi-nepoznata-pred-da-ja-povrzat-so-Milos-Bikovic-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ ги освои срцата на публиката на поранешните југословенски простори, а ги освојува и срцата на руската публика.

Последните години тој постојано е на релација Белград-Москва, а шармантниот актер често го поврзуваат со голем број девојки, како во Србија, така и во Русија.

Актерот што ја плени публиката со талентот, харизмата, но и добриот изглед секогаш е тема на интерес и кога станува збор за неговиот љубовен живот - колешките од Факултетот за драмски уметности Ања Алач и Бранкица Себастијановиќ, руската манекенка Саша Лус, руската актерка Аглаја Таласова, се само дел од жените со кои актерот бил поврзуван низ годините.

Како и да е, Биковиќ ретко говори за сопствениот љубовен живот, а во последните месеци, како руските, така и српските медиуми го поврзуваат со преубавата руска шампионка по модерен танц, Арина Волошина.

Во интервју за story.rs каде актерот говореше пред сè за неговата кариера, тој исто така беше прашан дали се вистинити гласините дека е во романтична врска со танчарката на што тој во негов стил, кратко одговори:

„Некогаш на медиумите им е поважно да напишат нешто сензационално, а не, вистинито“.

Сепак, гласините дека Арина и Милош се во врска кружеа неколку месеци претходно во руските медиуми.

Според рускиот портал super.ru, наводно, на почетокот на годинава Милош ја однел Арина во Србија, а таму ја запознал со сите негови пријатели кои објавиле нивни заеднички фотографии во Инстаграм Стори. Слично како Милош, и Арина ги негираше овие информации.

Тоа што на вечерата на InStyle по повод Интернационалниот филмски фестивал во Москва во февруари годинава актерот се појави заедно со Арина, само дополнително ги разгоре гласините.

Сепак, иако на вечерата беа заедно и беше забележително дека се нервозни поради вниманието што го добиваа, актерот се фотографираше сам пред медиумите.

За Волошина не се знаело многу пред медиумите да почнат да ја поврзуваат со младиот актер.

Таа на 24-ти јуни годинава ќе го прослави својот 24-ти роденден и е 9 години помала од Биковиќ, кој на 13-ти јануари го прослави 33-иот роденден.

Волошина по потекло е од Одеса, а уште од најмали години била заинтересирана за танцот.

Таа има свој профил на Инстаграм, но со своите следбеници споделува само детали од нејзината креативна биографија. Познато е дека таа не е омажена и нема деца, а целото време го посветува на кариерата и на модерниот танц.

Често патува во Одеса да го посети семејството, исто така е голем љубител на животни, па помага во засолништа за бездомни животни и често агитира кај нејзините следбеници на социјалните мрежи да се вклучат.

Во продолжение повеќе фотографии од Волошина:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“? Таткото Али Риза, мајката Хајрие, петте деца, ќерките Фикрет, Лејла, Неџла и Ајш...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...
Милош Биковиќ ужива во семејната идила и испраќа моќна порака за луѓето кои се ситат на туѓата несре... „Човек кога се занимава со туѓ живот, не мора да се занимава со својот. И кога н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg