„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Карлеуша по разводот?

Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата веднаш по разводот и веќе не сакал ниту еден збор да размени со неа во животот... Што откри првиот сопруг на Јелена Карлеуша, Бојан Кариќ, по нивниот развод?

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-01.jpg

Српската пејачка Јелена Карлеуша деновиве за првпат по 20 години се осврна на аферата со телохранителот, заради која наводно се развела од првиот сопруг Бојан Кариќ.

Таа подоцна рече дека очекува во секој миг да ѝ се јави неговиот адвокат и да ѝ се закани со тужба, но тоа не ја спречило да го каже она што ѝ тежело со години наназад.

„Бојан сѐ уште не се јавил. Чекам некоја тужба, неговиот адвокат да се огласи, тој го сака тоа...“ – рече Јелена.

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-02.jpg

Разводот на Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ со години наназад беше вистинска мистерија и тие двајца речиси и да не даваа изјави за причините заради кои одлучиле да се разделат, но во медиумите долго се ширеа гласини дека пејачката го изневерила сопругот со телохранителот и дека тој ги фатил „на дело“ на задното седиште во автомобилот.

Беа во врска две години, па се венчаа, но бракот им траеше кратко. Додека беа заедно, се пишуваше дека тие двајца се среќни и дека веќе ги имаат испланирано и имињата на нивните деца, но брачната идила траеше само 3 месеци.

Двајцата живееја во стан додека чекаа да им биде завршена куќата каде што требаше да се преселат, но ништо од соништата.

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-03.jpg

Многумина шпекулираа дека Јелена е во врска со богатиот наследник само заради неговото богатство и затоа што тој е син на Сретен Кариќ, брат на политичарот и бизнисменот Богољуб Кариќ. Па, кога бракот се заврши по само 3 месеци, сите побрзаа да ја оцрнат пејачката.

Бојан Кариќ е во брак со Маша Николиќ од 2009-та година, со која ги има близнаците Теодора и Тара.

Во продолжение да се присетиме на тоа што Бојан го зборуваше за Јелена непосредно по нивниот развод:

Набрзо по разводот Бојан не сакаше да ги коментира причините зошто се разделиле. Тој само рече дека правната разврска на бракот траела неколку дена, дека ја извадил бурмата денот кога се развел и дека со Јелена не планира да размени ниту збор до крајот на животот.

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-04.jpg

Тој во една пригода рече дека планирал со неа да го помине животот.

„Воопшто немаше да се женам, ако не беше така. Сѐ функционираше убаво додека не се случија некои работи. Што било, било, ставив точка и го живеам својот живот“ – изјави Бојан.

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-06.jpg

Бојан нагласи дека не се кае за врската со неа и дека поминал две преубави години додека биле заедно, а по разводот успеал да се помири со работите што се случиле и да продолжи понатаму.

za-da-dobie-pari-od-mene-mora-barem-da-mi-rodi-2-deca-shto-zboruvashe-prviot-soprug-na-jelena-karleusha-po-razvodot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg