Јелена Карлеуша за првпат во 20 години прозборе за аферата што ѝ го уништи првиот брак: „Стрикото ме намести“
- Детали
- понеделник, 18 декември 2023
„Два месеци по нашата свадба, на вратата тропна мојот телохранител. Тој дојде и на мојот сопруг во лице му рече дека е во врска со мене и дека сака да се ожени со мене“ – Јелена Карлеуша за првпат по 20 години ја раскажа својата страна од приказната за нејзиниот прв развод и изјави дека сите гласини дека била фатена на задното седиште со телохранителот се измислени.
Многумина знаат дека пред да стапи во брак со фудбалерот Душко Тошиќ, српската пејачка Јелена Карлеуша (45) беше во брак со српскиот бизнисмен Бојан Кариќ (44). Бракот траеше само два месеци, а тогаш се зборуваше дека сопругот ја фатил Јелена на дело, во аферата со телохранителот.
Бојан и Јелена се венчаа на 23-ти септември 2004-та година, а пејачката долго време ги криеше деталите околу разводот и разделбата, иако според таблоидите таа имала афера со телохранителот.
Сега, по 20 години пејачката одлучи веќе да не молчи и во еден подкаст отворено раскажа што се случувало во тој период и кој е главниот виновник, според неа, за тоа што нејзиниот прв брак не успеал.
Таа вели дека нејзиниот брак со богатиот наследник завршил неславно заради луѓето што намерно им пречеле и ѝ наместиле афера со друг маж. Како што вели, главен виновник бил стрикото на Бојан, Богољуб Кариќ, кој во тоа време беше сопственик и на телевизијата „BK TV“.
„Богољуб Кариќ беше против мојата врска со Бојан. Дури и забрани да се појавувам на BK TV, иако бев нивен ексклузивец. Тој ми кажа дека е против нашата љубов.
Лажираше истражување дека јас после Меделин Олбрајт сум најомразената жена во Србија. Ми објасни дека јас негативно влијаам на семејството Кариќ“ – вели Јелена и појаснува дека на семејните ручеци, стрикото, кој бил „глава на династијата Кариќ“, редовно ја прозивал.
Од друга страна, таа потенцира дека имала прекрасен однос со родителите на Бојан, Сретен и Славица.