По 3-месечниот бурен брак со Јелена Карлеуша, денес ужива во животот со новата сопруга и двете деца – Кој е Бојан Кариќ?
- Детали
- недела, 26 јуни 2022
Се шпекулира дека разводот со Јелена Карлеуша следел откако ја фатил како го изневерува со телохранителот, а денес е оженет со „скромна“ жена со која ужива во патувања – Што знаеме за Бојан Кариќ, првиот сопруг на српската поп-дива.
Малкумина знаат дека пред да стапи во брак со фудбалерот Душко Тошиќ (37), Јелена Карлеуша (43) беше во брак со српскиот бизнисмен Бојан Кариќ (42). Бракот траеше само три месеци и важи за еден од најкратките бракови на српската естрада.
Бојан и Јелена се венчаа на 23-ти септември 2004-та година, а по само 3 месеци брачен живот парот одлучи да се разведе.
Во медиумите се шпекулираше дека главна причина за разводот е наводното неверество на Јелена која го изневерила поранешниот сопруг со еден од телохранителите.
Бојан Кариќ е еден од наследниците на големата империја Кариќ, кои важат за едни од најбогатите семејства во Србија. Тој е син на Сретен Кариќ, брат на политичарот и бизнисмен Богољуб Кариќ.
Првата компанија семејството Кариќ ја основало уште во далечната 1971-ва година, а денес под групацијата BK се наоѓаат голем број компании што се занимаваат со градежништво, образование, телекомуникации, финансии, трговија и медиуми.
Бојан се образувал на престижниот Webster универзитет во САД, каде во 2002-ра година се стекнал со диплома за бизнис-администрација.
Неговата врска со Јелена Карлеуша во 2004-та година беше топ-тема во медиумите, а уште пред да стапат во брак, многумина ја обвинуваа пејачката дека е со него во врска само заради материјална корист.
Во 2007-ма година Бојан стапи во брак со Маша Николиќ, ќерка на режисерот Божидар Николиќ, а сестра на српската пејачка Јована Николиќ. Во истиот период Јелена Карлеуша ја започна врската со Душко Тошиќ.
Маша и Бојан заедно ги имаат близнаците Теодора и Тара. Тие сакаат својот приватен живот да го чуваат подалеку од очите на јавноста, но редовно објавуваат фотографии од големиот број патувања и семејни авантури.
Прочитајте и Родителите го пратиле во дом бидејќи немале пари, а денес е милионер – Факти за Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша
Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





