„Ме притисна на клавирот и ми го крена здолништето“ – Милена Радуловиќ одговараше на прашањата на учителот што ја силувал
Таа вели дека не сфатила веднаш дека станува збор за злоупотреба, а подоцна се чувствувала понижено и исплашено и не сакала да го напушти местото што најмногу го сакала на цел свет.
„До таа мера ме понижи, ме уништи психички, систематски и тенденциозно, тоа беше борба за живот. Јaс бев исплашена“ – рече Милена.
Прочитајте и Како Милан Мариќ ја одбрани колешката Милена Радуловиќ по погрдните коментари за секс сцените во „Тома“?
На прашањата на Мирослав, актерката директно му одговори:
„Ми се заканувавте дека кога ќе почнете да ме удирате сите ќе аплаудираат, дека никој нема да ми верува, дека тоа не е приказна за мајка ми, за татко ми, ниту за другарките.
Прво бевте педагог, а потоа силувач и злоставувач. Ве молев тоа да не го правите, ме гледавте како венеам и уживавте во тоа“.
За потсетување, Мирослав Мика Алексиќ (71), е обвинет за силување и сексуално вознемирување на седум девојки привлече големо внимание како кај српската, така и кај балканската јавност.
Милена Радуловиќ е првата која собра храброст јавно да прозбори за тоа што се случувало во училиштето за глума каде почнала да оди кога имала само 11 години.
Прочитајте и „Брутално ме претепа додека вежбавме“ – Милена Радуловиќ се соочи на суд со професорот кој сексуално ја вознемирувал, колегите масовно ја поддржаа
Б. С. Б. | Црнобело