„Присуствував на судењето на Милена Радуловиќ, се згрозив од прашањата кои ѝ беа поставени – Како реагираше таа?“

Не е возможно нешто такво да биде корисно за одбраната, освен што е одвратно и целосно неприфатливо, а за тоа дури и нема причина.

Не постои причина адвокатот да се смее, да ги навлекува пантолоните, да ѝ дофрла на публиката, да ѝ намигнува на соработничката, да прави гримаси и отворено да ѝ се смее на жената која беше приморана да одговара на неговите прашања за силувањето што го преживеала.

Покрај тоа, морам да кажам дека е целосно несфатливо дека денес, во 2023-та година одбраната да се базира на понижувањето на жените коишто сведочат за силување со следните прашања:

Колкав е јазикот на Мика?

Дали ви го бутна во грло?

Дали ви ја влечеше главата надолу? (покажува како влече замислена женска глава кон своите препони)

Дали ве кубеше и ве влечеше наназад? (покажува, мошне уверливо, како силеџиски скубе и ја влече наназад некоја замислена жена)

Дали вашиот татко, кога по првиот напад ве носеше дома почувствува некој мирис на вас?

Дали вашиот татко почувствува машки парфем или мирис на тутун на вас?

Зошто не го гризнавте за јазик, што е впрочем ‘природна реакција’ на секоја нападната жена?

Дали викавте ‘леле’ како што е нормално при неговиот напад? (иако претходно повеќепати претходно беше напоменато дека од зградата СИТЕ си заминале и таа останала сама со него)

Која боја ви беа хулахопките и што имавте ‘над фустанот’?

Дали прашањата на Мика: ‘дали се е*еш’, ‘дали си сувопи*еста’, ‘дали св*шуваш’ ви делуваа непријатно или педагошки?

Дали претходно веќе имавте сексуални односи и со кого?

prisustvuvav-na-sudenjeto-na-milena-radulovikj-zgrozena-sum-s-e-polosho-od-ona-shto-go-zamisluvate-07.jpg

Треба да се каже дека на сето ова Милена, како и другите девојки, веќе со часови одговараа пред обвинителите, вештаците, специјализираните психијатри.

Сето тоа веќе го има кажано, таа веќе поминала низ ова, СО ЧАСОВИ зборувала за својата траума, по што веќе се сметала за веродостојна и врз основа на што Алексиќ беше уапсен, а беше покренато обвинение.

Сево ова веќе го пишува во записниците, што адвокатот упорно се трудеше да го карикира и да му се потсмее со омаловажувачки тон и гест.

Сето тоа веќе го кажала, а сега и го повтори.

Нема потреба тој распојасан маж да ја прашува колкава е должината на јазикот, органот на Мирослав Алексиќ, човек кој во тој период имал 62 години и којшто, според обвиненијата, тој јазик го туркал во устата и грлото на девојче од 17 години.

Секогаш тоа треба да го имате во главата, тој тогаш имал 62 години, а таа сѐ уште не била ниту полнолетна. Тој, како што кажа денес Милена, е само 4 години помлад од нејзиниот дедо.

Колку е долг јазикот што ѝ го турнал нејзе во уста, на девојчето што го земал под своја закрила кога била дете, вистинско дете од само 11 години?

prisustvuvav-na-sudenjeto-na-milena-radulovikj-zgrozena-sum-s-e-polosho-od-ona-shto-go-zamisluvate-06.jpg

Треба постојано тоа да го имате на ум, сите овие млади жени коишто, еве веќе 4 години се борат, прво биле деца, девојчиња што тој ги избирал на ‘аудиции’, коишто ги заплашувал, подготвувал, убедувал, кревал, ги воспитувал по свое, ги гледал како растат, само за потоа во моментот кога од деца ќе станат девојки се нафрлал врз нив за физички, емотивно, психички, човечки, како жени – да ги осакати засекогаш.

Денес Милена беше величествена. Најмногу заради тоа што на сите им беше јасно дека тој не победи. Не е посилен од неа. Не ѝ може ништо повеќе, ниту нејзе, ниту на која било друга девојка. Овие храбри девојки и Милена го сопреа.

Им благодарам за тоа во име на сите наши ќерки.

Ти благодарам, Милена!

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му с... Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав М...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg