Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерката: Бара дел од луксузниот стан, не сака да плаќа алиментација за ќерката
Како почнала љубовта на Горан и Татјана?
Тенисерот ја видел Татјана во една епизода од серијата „Пријатели“. Во тоа време таа била на насловната страница на магазинот „Cosmopolitan“.
Па, во епизодата The One When No One's Ready, во кадарот на точно 2.04 минути, Чендлер го држи списанието на кое на насловната страница е Татјана Драговиќ.
Иако не ја познавал, му го привлекла вниманието, го нашол нејзиниот телефонски број и ја поканил на вечера.
Татјана не била импресионирана од првата средба со тенисерот, но тие продолжиле да се гледаат и меѓу нив се родила љубов.
Горан ја запросил Татјана во 1999 година, но се венчале дури по 10 години, во 2009. Првото дете, ќерката Амбер Марија, се родила во 2004 година, а синот Емануел во 2007.
Парот се венча во американскиот град Сан Педро, а се разведоа во 2013 година.
По разводот останаа во добри односи, па кога Татјана и нејзиниот партнер Влахо Арбулиќ добија ќерка, Горан бил да ја посети и ѝ бил голема поддршка.
Љубовта со Нивес Чановиќ
Во меѓувреме Горан ја запознал водителката Нивес Чановиќ.
Денес важат за еден од омилените хрватски парови, но на почетокот ја криеја врската.
Се венчаа во целосна тајност во 2017 година.
Три месеци подоцна потврдија дека го очекуваат првото заедничко дете и сега го имаат синот Оливер.
А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм