Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерката: Бара дел од луксузниот стан, не сака да плаќа алиментација за ќерката
- Детали
- среда, 18 октомври 2023
„Во моментот кога се осмелив да ги побарам парите што ги заработив пред и за време на бракот, а кои Т.Д. ги присвои со кршење на сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само чекам тужба во која се вели дека дотичната Т.Д. го освои Wimbledon и 2 олимписки медали, а можеби освоила и уште некој Гренд слем“, пишува поранешниот тенисер.
Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ (52) поднел неколку тужби против поранешната сопруга, Татјана Драговиќ (45) и ќерката Амбер (20) и бара половина од луксузниот стан што Татјана ѝ го подарила на ќерка си.
Тој веќе не сака ни да плаќа алиментација за неа, бидејќи е полнолетна.
Откако во медиумите се дозна за нивната правна драма, пензиониран тенисер објави статус на Инстаграм во кој го коментираше тоа што се случува.
„Вака... во моментот кога се осмелив да ги побарам парите што ги заработив пред и за време на бракот, кои Т. Д. ги присвои со кршење на сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите.
Сега, само ја чекам тужбата која би треба да утврди дека дотичната Т. Д. го освои Wimbledon и 2 олимписки медали, а можеби освоила и уште некој Гренд слем, но судот допрва ќе треба да го утврди тоа.
За сите останати прашања, ве молам контактирајте ги моите адвокати кои долго време се занимаваат со овој случај. Со сета почит, Горан“, напиша Иванишевиќ.
Некогашниот тенисер доби поддршка од неговата сегашна сопруга Нивес Иванишевиќ.
„Правдата е бавна, но секогаш доаѓа“, напиша таа во коментар.
Горан и Татјана се разведоа во 2013 година и тогаш многу се шпекулираше за поделба на имотот на парот.
Во тоа време, локалните медиуми пишуваа дека Иванишевиќ ѝ префрлил поголем дел од својот имот на својата тогашна сопруга за да „избегне судско извршување, поради започната постапка за стечај поради долг од 5,7 милиони куни“.
На почетокот на 2013 година, компанијата на Горан, „Спорт лајн“ поднесе барање за поведување претстечајна спогодба поради долг од 5,7 милиони куни.
Татјана Драговиќ
Помеѓу имотите што во тоа време ѝ беа пренесени на Татјана се и стан од 210m2 и пентхаус од 434m2 во Загреб.
Се пишуваше дека Горан во тие години купил и акции од „Карловачка банка“, кои ѝ ги дал на сопругата, со што таа станала косопственик на 3,36% од банката.
Во луксузно уредениот стан во центарот на Загреб, кој има 6 соби, Татјана живееше со Горан додека беа во брак, а сега живее таму со својот долгогодишен партнер, Влахо Арбулиќ.
Станот е во сопственост на Амбер Марија, 20-годишната ќерка на Татјана и Горан.
Па, сега поранешниот тенисер ја тужи и ќерка си за да го добие, како што вели, она што го заработил и му припаѓа. Тој не сака веќе ни да плаќа алиментација за Амбер, бидејќи таа е полнолетна.