Риселсхајм. Opel останува на патеката на успехот во Европа: по прелиминарните цифри за јуни, бројот на новите регистрации на автомобили е зголемен за повеќе од 9.800 во однос на истиот месец минатата година, што претставува пораст за 9 проценти, што резултираше со 118.600 нови регистрации. Пазарниот удел во јуни изнесуваше 6,35 проценти. Резултатот на Opel во првите 6 месеци е, исто така, позитивен, и покрај напуштањето на рускиот пазар. Од јануари до јуни, производителот од Риселсхајм продаде 582.300 возила, што е пораст од 3 проценти, т.е. околу 18.400 единици повеќе од истиот период во 2014 година. Тоа е еквивалентно на напредок, во однос на пазарниот удел, од 5,9 проценти...